Кривична за поранешен директор на затвор – ослободувал осуденици

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против Б.Ц.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик. Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица”, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т..

Имено, тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во Затвор Струмица и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот.

Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К.. Исто така, Л.К. се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата.

Маж ги оштетувал иконите на крстот во Драчево

Денеска околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода 36-годишниот В.Г. од Скопје, извести МВР.

Тој бил затекнат како со остар предмет ги оштетувал иконите на долниот дел од крстот, поставен во паркот. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Министерот Минчев, присуствуваше на Свечената Академија по повод 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на Свечената Академија по повод 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ. На покана од Н. Е. Гордана Сиљановска Давкова, Претседателката на Република Северна Македонија, Министерот Минчев се вклучи во одбележувањето на овој значаен историски момент, кој го симболизира почетокот на борбата за слобода и независност на нашиот народ.

Министерот Минчев изрази посветеност на идеалите на овој ден и ја нагласи важноста на единството, напорната работа и иновациите за унапредување на нашата нација. Тој нагласи дека востанието на македонскиот народ и придобивките од антифашистичката борба, остануваат да бидат поттик за идните генерации.

„Нека биде инспирација за сите нас да продолжиме да работиме за демократско и праведно општество, во кое еднаквоста и достоинството се основни вредности“, истакна Минчев.

Со ова, Министерството за јавна администрација ја потврдува својата посветеност за зачувување на наследството од востанието и за создавање на просперитетна и економски силна Република Македонија за идните генерации.

Се намалува бројот на починати доенчиња во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на починати доенчиња во државава од 2014 година е намален.

Во 2014 година бројот на починати доенчиња бил 233, а во 2016 година починале најмногу доенчиња, односно 273. Бројот на починати доенчиња во 2023 година е намален на 30 починати, 17 машки и 13 женски доенчиња.

Исто така и бројот на новороденчиња во 2023 година е намален за 7,4 отсто, во споредба со претходната 2022 година.

Како што информираат од ДЗС, во текот на изминатата 2023 година се родиле 14 деца од мајки на возраст помала од 15 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,6 години, а кај прворотките 28,1 година.

Популарно