Почина родилка во Куманово

Во Општата болница Куманово синоќа починала 31-годишна родилка, потврдија денеска од Министерството за внатрешни работи, Општа билница Куманово и Јавното обвинителство. 

Од СВР Куманово информираат дека синоќа во 21.35 часот директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата  починала 31 - годишна родилка од Куманово. 

Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Се очекуваат  дополнителни информации во текот на денов и од останатите надлежни институции.

Тешка сообраќајка кај Железничка, со автомобил завршил на бетонските жардињери

Тешка сообраќајна несреќа утрово се случи на улица „Трета македонска бригада“, објави „Слободен печат“.

Автомобил „волскваген“ срушил семафор, па се качил на жардињера. Сообраќајната несреќа се случила околу 5 часот утринава.

Засега нема информации од МВР дали има евентуални жртви. Повеќе детали во текот на денот.

Сообраќајната несреќа се случила околу 5 часот утринава.

Скопјанка пронајдена почината во училиште, скопјанец во семејниот дом, телата на обдукција

Во просторија на основно училиште во населбата Илинден, пронајдена била почината 50-годишната С.М. од Скопје, вработена во училиштето, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Настанот бил пријавен вчера во 14:29 часот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Претходно, во СВР - Скопје, пријавено било дека околу осум часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, пронајден бил починат скопјанецот Д.С., на возраст од 56 години.

Лекар од Итна медицинска помош и во овој случај констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. 

Популарно