На автопатот Тетово-Скопје животот го загуби 24 годишен возач од Свети Николе

На околу пет километри пред Тетово на автопатот кон Скопје синоќа во сообраќајна несреќа животот го загуби 24 годишник од Свети Николе. Несреќата била пријавена во СВР Тетово околу 20 часот и 30 минути.

-Во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје патничко возило „Голф“ со регистерски таблици од Свети Николе, управувано од В.З.(24) од Свети Николе, излетало од коловозот. Возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Тетово, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

По наредба од Јавен Обвинител при ОЈО Тетово, телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција. Увид врши а екипа од СВР Тетово. 

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно