Дневен хороскоп

Овен

На секој начин се обидувате да го направите љубоморен партнерот. Размислете дали е паметно. Ќе се трудите да ги убедите соработниците за тоа што ви одговара. Не заборавајте да работите со луѓе кои имаат многу повеќе искуство. Сакате да се посветите на еден проект, но сѐ уште не сте на чисто со соработниците.

Бик

Ќе имате многу обврски и концентрацијата нема да ви биде на ниво. Очекувајте повик од личност што не сте ја виделе долго време. Некој мисли интензивно на вас, па очекувајте тоа отворено да ви го каже. Посесивни сте за луѓето што ги сакате, па ќе му наметнувате работи на партнерот само за да бидете емотивно безбедни.

Близнаци

Минатото упорно ве прогонува, но и вие самите си отежнувате. Не сакате да погледнете во иднината. Почнете да се подготвувате за големи промени и да го поминувате времето во планови за иднината. Ненадејната добивка ќе ги олесни вашите планови. Ќе се вратите во емотивната ситуација во која се наоѓавте пред неколку недели.

Рак

Денес ќе биде многу важно како ќе се снајдете во одредена ситуација на работното место. Од вас се очекува максимална посветеност и концентрација. Треба да обрнете поголемо внимание на саканата личност. Можеби не сте забележале, но таа се чувствува да е во втор план, и покрај вашата присутност.

Лав

Задоволни сте како се одвива ситуацијата на работа и јасно ви е дека заслужувате посебно признание. Убави работи ќе ви се случуваат. Позитивни настани ќе ве следат и на љубовниот план, особено ако сте слободни. Можно е да запознаете личност и таа средба неочекувано ќе се претвори во љубов.

Девица

Ќе се најдете во ситуација да не можете да го решите проблемот, но потпрете се на личноста која е ваш близок соработник и резултатот ќе биде позитивен. Убедете ја саканата личност дека е време врската да ја качите на повисоко ниво. Или да почнете да живеете заедно или да ја официјализирате со брак.

Вага

Ги врзувате деловните интереси со нечие ветување и затоа ја одбивате идејата што ја поддржуваат вашите соработници. Наместо да преземате непотребни ризици, контактирајте ја вистинската личност. Нема потреба премногу да се занесувате од нечии комплименти или да верувате во среќа што доаѓа одеднаш.

Скорпија

Ве вознемирува финансиската состојба, но потребно е да останете сконцентрирани на сопствените цели. Влегувате во монотон период, а тоа вам многу ви пречи. Не е вистинскиот момент за да се преземат големи чекори. Оставете ги важните разговори за друг ден. Трудете се да го поминете времето со саканата личност.

Стрелец

Нема да има големи промени и значителни случувања на деловен план. Сè се одвива како што сте навикнале. Сега е вистинското време да се обидете да остварите контакт со личност која ви се допаѓа веќе подолго време. Ако сега задоцните – сте задоцниле засекогаш… Затоа, дејствувајте молскавично!

Јарец

Најважно е вашите идеи да им се допаднат на оние кои одлучуваат за вашето напредување. Потрудете се да ги исполните нивните барања. Нема да бидете посебно расположени за разговор, а партнерот по којзнае кој пат ќе ги има истите поплаки за вашето однесување. Несакајќи ќе се доведете во непријатна ситуација.

Водолија

Ќе ви биде од голема корист да се консултирате со постарите колеги за сè што не ви е јасно. Немојте да се двоумите, бидејќи во спротивно може да ја комплицирате ситуацијата. Саканата личност е расположена за излегување и дружење и не би било лошо да ја прифатите нејзината понуда. Ќе добите специјален подарок.

Риби

Ова е поволен момент за склучување и потпишување на некои договори, а можете да очекувате и некој прилив на пари што долго време ги чекавте. Свесни сте за тоа колку внимание привлекувате кон себе, меѓутоа, не сте подготвени за некои посериозни емотивни промени, па сега засега задоволни сте со безопасно флертување.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Зафатете се, доколку имате желба да одделите време, со друг научен проект што сте подготвени да го развиете. Покажете разбирање и согласувајте се со колегите и променете го начинот на кој работите за заедничко добро. Иако несериозното однесување на луѓето околу вас може да ви ја отежне работата, задржете ја смиреноста и доброто расположение.

БИК

Во текот на денот ќе сфатите дека финансиските операции во кои сте биле вклучени не се целосно искрени и содржат ризик. Доаѓаат промени на вашето работно место. На вас е да ги претворите во успех, да избегнете неуспех. Не е пожелно да патувате за да не заостанете со службените задачи.

БЛИЗНАЦИ

Внимателно процценети ги вашите нови познанства и не дозволувајте да го искористат вашето знаење. Трговците имаат можност да остварат одличен профит. Чувајте го најголемиот дел од заработените пари, бидејќи може да ви бидат понудени неочекувано добри можности за инвестирање.

РАК

Денот ви носи интересни состаноци и позитивни емоции, доколку не сте премногу доверливи и подготвени да ги споделите вашите планови. Имате можност брзо да ги завршите задачите и да патувате. Не бегајте од одговорноста и не го откажувајте присуството на работното место само затоа што сакате да се одморите.

ЛАВ

На работното место оставате впечаток со вашата активност, што ќе ви помогне да се справите со вашите задачи. Вашите идеи ќе добијат поддршка. Денот е поволен за активни дејствувања од ваша страна и за донесување важни професионални одлуки. Успехот ќе ве следи.

ДЕВИЦА

Не правете нов почеток, а доколку сте на работа завршете ги започнатите задачи. Не патувајте за да ги избегнете проблемите што самите си ги создавате. Бидете проактивни и не пропуштајте да ги проширите деловните познанства со тоа што нема да го одбиете социјалниот настан на кој сте поканети.

ВАГА

Од утрината ве очекуваат недоразбирања. Доколку тргнат од семејството ќе продолжат иако заминете на вашето работно место. Бидете внимателни, слушајте ги разговорите меѓу вашите колеги и задлабочете се во вашите задачи. Успехот нема да изостане. Не бегајте од одговорноста, ако сте дале ветувања, исполнувајте ги за да не си наштетите.

ШКОРПИЈА

Дополнителните приходи ќе ви го повратат спокојството. Завршете ги сите ваши деловни задачи. Не трошете го вашето време во бескорисни разговори. Попладне решавате важни деловни проблеми кои колегите одбиле да ги споделат за да не се разобличат, но всушност со својот молк го продлабочиле проблемот.

СТРЕЛЕЦ

Односите со колегите се одлични. Игнорирајте ситни работни проблеми. Ќе ги испеглате. Внимателно разгледајте ги новите понуди претставени денеска пред да ја донесете вистинската одлука. Финансиската состојба ќе ви се подобри.

ЈАРЕЦ

Емоцијата што ве обзема од утрото ве спречува да ја слушнете критиката што ви е упатена која ви користи. Размислете за вашите зборови. Иако доцнењето на колегите може да ви ја отежне работата, доколку сте на должност по цел ден и ноќе, бидете смирени.

ВОДОЛИЈА

Доколку денеска сте на вашето работно место, бидете одговорни за вашите обврски. Ако се занимавате со политика, денеска можете да ја освоите почитта од луѓето со ветувањата што ги исполнувате. Бидете разумни и размислете за вашите постапки. Избегнувајте состаноци ако тоа е поврзано со вашите професионални цели.

РИБИ

И покрај тешкотиите, ќе ја повратите довербата во успехот на работното место и спроведувањето на вашите идеи доколку се потпрете на себеси. Се справувате со работните задачи. Бидете тактични и слушајте ги мислењата на другите, дури и ако не се согласувате со нив.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Морате да научите дека не можете да имате контрола врз се околу вас. Да се биде одговорен е добро но не можете да превземете одговорност за секое нешто. Внимавајте некоја одлука да не го комплицира вашиот живот.

БИК

Денес е среќата на вашата страна кога се во прашање финансиите, ви претстои пријатно изненадување кое ќе ве расположи. Морате да му верувате на вашиот партнер повеќе, ќе откриете некоја информација која ќе ви користи.

БЛИЗНАЦИ

Можно е да одите на кратко патување во врска со вашиот бизнис. Ќе добиете поддршка од некој член од семејството. На работното место може да почувствувате стрес. Избегнувајте да давате позајмица и немојте да влегувате во конфликт со пријателите.

РАК

Денес ќе добиете добри вести. Оние кои работат во секторот на финансиите ќе напредуваат. Доколку сте имале проблем со дете конечно ќе биде разрешен. Финансиската состојба е солидна.

ЛАВ

Внимавајте на вашите зборови, во текот на наредните неколку дена можно е да зборувате нешта кои ќе ги повредат другите. Ако не сте сигурни што да кажете подобро премолчете. Исто така можно е да имате некој погрешен заклучок во врска со некоја блиска личност.

ДЕВИЦА

Денес ќе биде интересен ден за вас. Ќе бидете креативни и расположени да направите некоја промена во ентериерот на домот или работното место. Ќе чувствувате страст и ќе сакате смирена атмосфера. Ќе започнете да работите на некој нов проект.

ВАГА

Можно е да се чувствувате збунето, ќе мислите дека ништо не ви поаѓа од рака и постојано се вртите во круг. Не грижете се, со почетокот на викендот сето тоа ќе помине. Ќе се чувствувате смирено. Доколку сте имале расправија со партнерот, време е да направите нешто за да се искупите. Ако сте сингл, внимавајте кога влетувате во нова врска, другата страна нема исти намери како и вас.

ШКОРПИЈА

Денес ќе ви биде здодевно. Чувствителни сте и емоциите владеат со вас па можно е лесно да направите некоја грешка. Сакате премногу нешта одеднаш и тоа ве спречува да бидете спокојни. Подобро е да бидете во мало опкружување затоа што преголемата галама ќе ви смета.

СТРЕЛЕЦ

На повидок е разделба со партнерот, не успевате да ги надминете разликите и тоа ве мачи. Ќе морате да зборувате отворено и на смирен начин да ја решите ситуацијата. Очекувајте понуда за нова работа. Ноември ви донесува чувства спрема нова личност.

ЈАРЕЦ

Денес ќе се чувствувате изморено и исцрпено. Преку целата недела сте работеле напорно а тоа ја одзема целата ваша енергија. Време е да се посветите на себеси и да ги наполните своите батерии. Избегнувајте конфликт со семејството.

ВОДОЛИЈА

Можно е да ве вознемират некои зборови упатени од некоја блиска личност. Премногу сте осетливи на туѓото мислење, не морате да се земате се толку при срце. Успешно ќе завршите некоја работа која се одолговлекува. Гледајте напред!

РИБИ

Денес е позитивен ден за вас. Месечината е на ваша страна, ќе бидете во добро расположение и полни со енергија. Ќе правите планови за иднина. Ќе почнете да верувате во нешто за кое сте сметале дека не било вистина. Ноември ви донесува нова љубов.

Неверство според Зодијакот: За Стрелецот тоа е неизбежно, Јарецот е пресметлив, а Близнаците предводници во изневерувањето

Кога започнуваме врска со нов партнер или партнерка, на почетокот фокусот е обично на добрите работи: возбудата, првите емоции, страста и вашето прво сексуално искуство со новиот партнер. Но, по завршувањето на фазата „меден месец“, стануваме повеќе свесни за некомпатибилностите и романтичните ограничувања (доколку тие постојат).

Додека некои врски едноставно се прекинуваат кога се појавуваат разлики, други се задржуваат дури и кога веќе не се функционални. Кога тоа ќе се случи, партнерите често знаат да изневерат.

И иако луѓето се подеднакво склони на изневерување, секој хороскопски знак има различен пристап кон неверството.

Овен

Овој знак е познат по неговата огнена страст, агресивна импулсивност и конкурентна природа. Како прв знак на зодијакот, Овенот сака сè светло и ново, па така кога станува збор за изневерување, лесно е нив да ги заведете. Инспирирани се од возбудливиот момент, па затоа честопати го изневеруваат партнерот со личност со која само што се запознале. Освојувањето игра најголема улога за нив, тие обично не бараат емотивна интимност – нивната желба е чисто физичка.

Бик

Со Бикот управува Венера, планета поврзана со љубовта, убавината и парите. Првиот земјен знак на Зодијакот, опседнат е со романтиката, па кога станува збор за изневерување, Бикот најверојатно ќе се впушти во тајни врски збогатени со луксуз. Вечера, хотели со пет ѕвездички и кади исполнети со ливчиња од роза се неодоливи за него.

Близнаци

Близнаците се знак кој најмногу се поврзува со изневерувањето. Но, иако Близнаците не мора да бидат предиспонирани за неверство, на овие љубопитни знаци вниманието лесно им одлетува. Близнаците имаат тенденција кај партнерот со кој изневеруваат да го бараат спротивното од она што им се нуди во врската, што значи она што веројатно им недостасува. Ако се интелектуално поврзани со партнерот со кого изневеруваат, може ќе истражат повеќе сексуална динамика. Затоа Близнаците, кога изневеруваат, можат кај другиот партнер да бараат и емотивна врска. Но, не бидете изненадени ако Близнаците истражуваат повеќе партнери одеднаш.

Рак

Раковите се чувствителни суштества кои мразат да се чувствуваат ранливо. Овие водни знаци ги сфаќаат своите врски многу сериозно. Ракот има потреба од сигурност, љубов и поддршка од партнерот, а ако не се чувствува така, ќе бара интимност на друго место. Нивните тајни врски обично се планираат и се цртаат. Ракот не сака директно да му пристапи на конфликтот, па ќе преземе дополнителни мерки на претпазливост за секој обид да остане во тајност.

Лав

Огнените Лавови секогаш се заљубуваат. Тие сакаат нивните романси да се големи како и нивните особини. Треба да се чувствуваат како да се во центарот на вниманието, па според тоа, лесно можат да бидат заведени. Всушност, Лавот честопати не е заинтересиран за изневерување сè додека некој друг не ја изрази нивната привлечност. Не е лесно да се одбијат пофалби, а сè додека има комплименти и пофалби, тешко е да се спротивстават на тајните врски.

Девица

Аналитичките Девици се хиперсвесни за апсолутно сè – тие секогаш можат да забележат мали пукнатини, недостатоци и заблуди. Ако Девицата најде доволно податоци за да заклучи дека нејзиниот постоечки однос е несовршен, може да започне да бара врска на друго место. Бидејќи се идеалисти, Девиците стануваат опседнати со тајни љубовници, споредувајќи ги нивните сили со слабостите на нивниот примарен партнер. Меѓутоа, со тек на време, лицемерните Девици стануваат разочарани кога сфаќаат дека потрагата по совршенство е секогаш залудна.

Вага

Вагата е природно шармантна, но понекогаш флертувањето може да оди премногу далеку. Вагата секогаш бара рамнотежа и симетрија. Овој знак сака да биде сакан и сака да изгледа привлечно и убаво за другите, што го прави еден од најголемите заводници во Зодијакот. Дури и во сериозно партнерство, многу Ваги продолжуваат да комуницираат со бившите партнери (Вагите сакааат да „ја држат вратата отворена“). Повремено, понекогаш чувствата на Вагата ја надминуваат границата, со тоа што истовремено одржуваат повеќе врски. Без разлика дали изневерувањето е емотивно или физичко (или комбинација од двете), Вагата секогаш ги одмерува своите способности.

Скорпија

Скорпиите се заинтригирани од темни и мистериозни искуства. Не е фер да се претпостави дека сите Скорпии се опседнати со сексот. Точно е дека за космичкиот воин, Скорпијата, физичкиот чин на интимност понекогаш е помалку важен од емотивната поврзаност во една врска. Овој знак го привлекуваат темни и мистериозни искуства, па кога станува збор за изневерување, Скорпиите повеќе ги привлекува опасноста од тајната романса. Скорпиите се инспирирани од тајните, па на многу начини аферата е поинтересна. Исклучително приватни, Скорпиите ќе преземат дополнителни мерки на претпазливост за да се осигураат дека секоја скриена романса никогаш нема да ја види светлината на денот.

Стрелец

Тие не можат да ѝ одолеат на авантурата – без оглед на цената. Стрелците природно бараат возбуда. Последниот огнен знак на Зодијакот сака адреналин и возбудливо истражување. Дури и во моногамна врска, на Стрелците им треба изобилство на слобода. Ако веруваат дека нивната независност е загрозена, тие ќе се обидат да изневерат. Стрелците ја сакаат авантурата и живот на работ. Затоа подобро да не знаете во каква афера можат да се впуштат.

Јарец

Тие ја третираат својата романтична врска како работа на различни начини. Ако се задоволат взаемните потреби, партнерот на Јарецот ќе чувствува задоволство. Меѓутоа, ако партнерството веќе не е продуктивно, тие ќе треба да талкаат. Јарецот сака да го истражува „пазарот“ и да види какви можности му се нудат и која опција ќе му биде најповолна. Кога се фатени дека изневеруваат, јарците во подготовка имаат 10 „рационални“ објаснувања.

Водолија

Водолијата е најхуманиот знак на Зодијакот. Всушност, овие воздушни знаци се грижат толку многу за поголемо добро што честопати им е тешко да ја одржуваат меѓучовечката динамика: односите еден-на-еден може да изгледаат несоодветни. Водолиите градат односи со страсни луѓе кои ги споделуваат своите вредности, па кога станува збор за изневерување, пријателите честопати стануваат љубовници на Водолиите, а нивните блиски врски можат да се претворат во тајни врски.

Риби

Рибите живеат во светот на имагинацијата, но во реалноста работите не се секогаш толку романтични. Најефективниот знак на Зодијакот, Рибите, се длабоко емпатични, чувствителни суштества. Со овој воден знак управува Нептун, планетарен свет поврзан со соништата и креативноста. Исто така, постои и темната страна на енергијата на Нептун: Во лош ден Рибите се поврзуваат со заблуди, бегство и мистерија. Рибите можат да бидат заведени од нивните фантазии, убедувајќи се дека новата врска е всушност производ на прекрасна, кармичка врска. Таа реалност постои само во нивната фантазија, а Рибите можат да станат толку преокупирани со аферата што остануваат изгубени во емотивното море на сопствената креација.

Популарно