Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Клепало со Бугарија

Со инвестиција од вкупно 3,7 милиони евра, Царинската управа ќе работи на воспоставување на нов граничен премин Струмјани-Берово (Клепало) со Република Бугарија. За овој проект се обезбедени 3,1 милиони евра грант од ИПА 3 Програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Бугарија, а 551.548 евра се национално ко-финансирање. Денеска во Берово, се одржа настан за одбележување на почетокот на проектот за воспоставување на новиот граничен премин, на којшто се обратија  директорот на Царинска управа Бобан Николовски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и  директорот на Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, Тони Јакимовски.

Министерот Перински вели дека Програмата и покрај континуираните политички спорови меѓу Бугарија и Македонија, испраќа позитивна порака до сите засегнати дека регионалната соработка и добрососедските односи можат да придонесат за раст и просперитет на пограничниот регион со што ќе се овозможи поквалитетен живот на граѓаните, што во суштина е и целта на ИПА програмата, финансирана од Европската Унија.

„Отпочнувањето на овој долгогодишен очекуван стратешки проект е од големо значење по многу основи како за нашата земја, така и за целиот пограничен регион. Отворањето на преминот Клепало ќе има значителна корист за регионалната поврзаност, ќе ја подобри и олесни комуникацијата помеѓу двете земји и ќе овозможи директен пристап до автопатот Струма во Бугарија, кој е важен дел од трансевропската транспортна мрежа. Користењето на овој граничен пункт освен што ќе заштеди време, ќе значи и олеснување на сообраќајот на луѓе и стоки меѓу двете земји и ќе создаде услови за економски развој во Малешевскиот крај кој ги поседува сите потенцијали за развој на туризмот. Ова е само уште еден проект кој се финансира преку ИПА програмата, финансирана од Европската Унија, чија имплементација ќе придонесе за зајакнување на прекуграничната соработка, а во интерес на граѓаните", потенцира Перински.

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски истакна дека  воспоставувањето на преминот Клепало како и реконструкцијата и надградбата на граничниот премин Деве Баир испраќаат силна порака дека Македонија е силно посветена на процесот за пристапување во ЕУ, при што ќе се инвестира во подобрување на граничното управување на сите премини.

Денешниот настан, како што вели, е јасен доказ за нашата посветеност во процесот на пристапување во ЕУ, при што воспоставувањето на преминот Струмјани - Берово е еден од стратешките проекти.

Директорот Николовски вели дека со овој проект се очекува подобрување на регионалната поврзаност, зголемување на протокот на луѓе, унапредување на економските односи и зајакнување на трговските врски.

- Нашата цел е побрз пристап во единствениот пазар на ЕУ. Овој проект, проектот за реконструкција на Деве Баир, проектот за видео надзор, автоматизацијата на терминалите, јасно ја покажуваат нашата посветеност во остварување на стратешките приоритети за економска трансформација, безбедност на државата и жестока борба со криминалот, вели Николовски.

Директорот на Заедничкиот секретаријат на Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија Тони Јакимовски вели дека

создавањето на нов Граничен премин Струмјани – Берово (Клепало) претставува важен чекор во зајакнувањето на прекуграничната соработка меѓу двете соседни земји.

"Ваквите проекти претставуваат одраз на нашата заедничка визија за одржлив и интегриран регионален развој. Програмата Интеррег е создадена со цел да поттикнува прекугранична соработка и да ја поддржува интеграцијата на региони преку конкретни проекти кои носат долгорочни придобивки. Изградбата на новиот граничен премин Струмјани – Берово е одличен пример за оваа цел, овозможувајќи поголема мобилност на луѓето и стоки, зајакнување на економиите и подобрување на инфраструктурата од двете страни на границата", вели тој.

Вкупната инвестиција за воспоставување на граничниот премин изнесува 11,1милион евра, при што 7,7 милиони евра се грант преку ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка на ЕУ, а преостанатите средства се национално ко-финансирање од страна на Македонија и Бугарија.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

ЦУК: Активни три пожари на отворено, изминатото деноноќие имало вкупно 33

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума. 

Активни се три пожари на отворен простор од вкупно 33 регистрирани изминатото деноноќие на територија на државава, до осум часот утрово. Два се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од трите активни пожари, како што се наведува, два се на територија на општина Македонски Брод, а еден е во подрачјето на Сарај. Во Јасен гори мешана шума, а на територија на село Крапа опожарени се ниска вегетација и нискостеблеста шума. Пожарот на територија на општина Сарај е во регионот на село Радуша кон село Дворце. Таму гори ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума.

Популарно