ОЈО: Поднесено обвинение за скопјанецот кој на четири малолетници им дал алкохол и лекови во куќата во Козле

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 40-годишен скопјанец за Тешки дела против здравјето на луѓето по член 217 став 1 во врска со член 212 став 1, како и четири кривични дела – Излагање на опасност согласно член 134 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот, на 11 и 12 јули годинава, во неговиот дом во Козле, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето и им дал да ги употребуваат на четири деца родени 2006, 2007, 2008 и 2009 година. Тој заедно со децата почнале да конзумираат алкохол првично на летниковец во дворот, а потоа во текот на ноќта и во дневната соба од куќата. Во текот на вечерта обвинетиот од комодата во дневната соба извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг” кои ги користел како ординирана терапија за одвикнување од алкохолизам. Дел во таблети, а дел изронети за да можат да се земат преку шмркнување со носот, им ги понудил на оштетените деца „за подобро расположение“. Иако бил свесен дека од ваквата комбинација на лекови и алкохол може да настапи штетна последица, тешко им го нарушил здравјето на децата. Кога лековите почнале да делуваат со нивното дејство кое манифестира вртоглавица, нерамнотежа и нарушување на свеста, децата започнале да паѓаат и се здобиле со повеќе телесни повреди, информираат од Обвинителството.

Обвинетиот ги оставил децата и си заминал да спие во спалната соба. Утрината кога станал повторно ги затекнал како лежат во безсознание и ги оставил без каква било помош, иако претходно самиот го довел во опасност нивниот живот.

При интервенција по пријава за нарушен ред и мир, полицијата ги пронашла децата паднати на подот во дневната соба со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош тие биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај нив било констатирано присуство на бензодијазепини во зголемена концентрација, како и присуство на “карбамазепин“, “диазепам“, „нордазепам“, „циталограм“, „темапзепам“ и „парацетамол“ во крвта.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно