Три лица загинаа, петмина повредени во сообраќајката кај Катланово

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладено во 17 и 45 на автопатот Скопје Велес, во која има мртви.

Според МВР, на автопат Скопје -Велес, пред тунелот, се превртело комбе. До сега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител.

Сообраќајот е во застој и на двете ленти поради што се создадоа километарски колони возила.

Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот се пренасочува преку Петровец - Велес (по стариот пат), Миладиновци -  Св.Николе – Велес – Штип.

Нападнат ученик во училиштен двор

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.З.(24) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство врз дете“ и ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

- На 15.10.2024 во двор на средно училиште во Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од нас.Оризари, а при негово приведување физички нападнал полициски службеник, соопшти МВР.

Познат идентитетот на загинатите кај Катланово, сите се од Велес

Три лица го загубија животот, а петмина се тешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово.

Од МВР информираат дека несреќата се случила во 17:35 часот, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32) од Велес, излетало од патот и се превртело.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите биле предадени на обдукција.

Од Обвинителството вчера информираа дека на лице место повикан бил и сообраќаен вештак за утврдување на причините за несреќата. 

Популарно