Силјановска Давкова за помилувањата: Комисијата се водела од делата, лицата се навистина интересни во негативна смисла на зборот

Претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова ја прокоментира нејзината одлука за помилување која предизвика низа реакции во јавноста.

По свечената академија „Завет што обврзува“ во изјава за ТВ 21 рече дека личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот. Сепак, појаснува дека членовите на Комисијата составена од нејзиниот кабинет се воделе според делата кои затворениците ги извршиле и за кои се осудени.

-Околу помилувањата прво јас кога ја конституирав комисијата за помилување која е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Мислам дека кога се даваат коментари се заборава на што. Значи вие делото го анализирате така? Пред се делото. Кога се работи јас веќе и имињата не ги знам да бидам искрена меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки по што се водев? Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Да личноста знам која е таа личност но лично јас зборувам за работата на комисијата, вели Силјановска Давкова.

За братот на Шенки Версаче, Шенол Маслани вели дека бил казнет за тепачка на само шест месеци затвор. Претседателката на државата сепак вели дека ќе ја почитува одлуката на Комисијата.

-Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци значи кога ги замениле овие казни со условна од три години, да личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата, точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова во предвид, изјави Давкова.

Вчера претседателката донесе одлука за помилување на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, Акиф Рваманоски, член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“

Судскиот процес за родилката од Струга, Веапоска, може да застари

Маратонскиот судски процес за родилката од Дебар Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник не само што е далеку од пресуда, туку може и да застари, објави телевизија Алфа.

Откако почнасудењето во 2022-ра, се сменија двајца судии и двајцата во рок од една година заминаа во пензија. Со нов судија, судскиот процес по трет пат се врати од почеток и повторно запре.Цели седум месеци не е одржано рочиште бидејќи се чека супервештачење кое треба го изработи судско медицински одбор од Медицинскиот факултет.На последното одржано рочиште на 23 април беше побарано супервештачење со образложение дека вештачењата од Институтот за судска медицина и оној од Клиниката за гинекологија се спротивни по својата содржина.

-Јас не верувам дека 7 месеци не може да се формира судско медицински одбор,но знам дека повеќе не е мудро да се чека,вели адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев кој како што вели ургентно ќе реагира до обвинитеството а ако тоа не вроди со плод, ќе ги преземе сите законски мерки кои му се на располагање.

Тестот за птичји грип на поситетителката во ЗОО Скопје е негативен

Тестот на жената која денеска побарала да се тестира за птичји грип бидејќи минатата недела ја посетила Зоолошката градина во Скопје е негативен, потврдија од Институтот за јавно здравје за Прес 24.

За потсетување, негативни се и тестовите на двајцата вработени кај кои постоеше сомнеж дека се заразенни со птичји грип.

Во меѓувреме, Град Скопје упаднал во фејсбук страната и електронската пошта на ЗОО Скопје и сами си го напишале соопштението дека инспектори на АХВ без доказ убиле птици кои се шетале во зоолошката, тврдат вработените во оваа установа, кои преку СОНК испратија демант во јавноста.  

„Последниот инцидент, со упад на нашата facebook страна и нашата електронска пошта, преку која е испратено соопштението, но и видеата и сликите со вознемирувачка содржина кои се пуштени во медиуми и на социјални мрежи, без согласност на лицата кои се појавуваат во материјалот ја прелеа чапата, за што вработените ќе преземат законски мерки против лицата кои го снимаа и го објавија материалот. Напоменуваме дека вработени во ЗОО Скопје, како врвни професионалци се оградуваат од сите соопштенија кои се испратени во нивно име и споделени со јавноста.“, стои во демантот на членовите на СОНК - вработени во ЗОО Скопје.

Меѓу другото, во демантот се наведува дека инспекторите од АХВ постапиле согласно закон со соодветна документација.  

Зоолошката во Скопје ќе остане затворена уште 20-тина дена, откако во петокот беше откриено присуството на птичјиот грип. Веднаш беа убиени птиците кои биле во езерцето заедно со гуската, а во моментов се следи состојбата кај останатите животни во установата. 

Популарно