Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна

Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки, објави вечерва на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, откако денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека водата за пиење не е исправна поради присуство на колиформни бактерии, а присуството на манган е во границите на дозволеното.

Според Костадинов, борбата против Струмица продолжува и како што напиша „чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата“.

-Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани. Наскоро вистината и за водата, но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски, напиша струмичкиот градоначалник.

Додава дека „струмичани се трпеливи, издржале многу неправди и злобни работи и ќе го издржат и ова“. 

Судскиот процес за родилката од Струга, Веапоска, може да застари

Маратонскиот судски процес за родилката од Дебар Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник не само што е далеку од пресуда, туку може и да застари, објави телевизија Алфа.

Откако почнасудењето во 2022-ра, се сменија двајца судии и двајцата во рок од една година заминаа во пензија. Со нов судија, судскиот процес по трет пат се врати од почеток и повторно запре.Цели седум месеци не е одржано рочиште бидејќи се чека супервештачење кое треба го изработи судско медицински одбор од Медицинскиот факултет.На последното одржано рочиште на 23 април беше побарано супервештачење со образложение дека вештачењата од Институтот за судска медицина и оној од Клиниката за гинекологија се спротивни по својата содржина.

-Јас не верувам дека 7 месеци не може да се формира судско медицински одбор,но знам дека повеќе не е мудро да се чека,вели адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев кој како што вели ургентно ќе реагира до обвинитеството а ако тоа не вроди со плод, ќе ги преземе сите законски мерки кои му се на располагање.

Силјановска Давкова за помилувањата: Комисијата се водела од делата, лицата се навистина интересни во негативна смисла на зборот

Претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова ја прокоментира нејзината одлука за помилување која предизвика низа реакции во јавноста.

По свечената академија „Завет што обврзува“ во изјава за ТВ 21 рече дека личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот. Сепак, појаснува дека членовите на Комисијата составена од нејзиниот кабинет се воделе според делата кои затворениците ги извршиле и за кои се осудени.

-Околу помилувањата прво јас кога ја конституирав комисијата за помилување која е составена од врвни експерти во оваа област и познавачи реков дека ќе ја почитувам нивната работа. Мислам дека кога се даваат коментари се заборава на што. Значи вие делото го анализирате така? Пред се делото. Кога се работи јас веќе и имињата не ги знам да бидам искрена меѓутоа кога јас ги потпишав овие одлуки по што се водев? Се водев од тоа дека во првиот случај не го знам ни името како беше да бидам искрена делото е, пресудата е 1 година и 3 месеци и делото се однесува на поседување неовластено поседување на оружје и на 5 куршуми. Тоа е делото. Веројатно тие се воделе по ова. Да личноста знам која е таа личност но лично јас зборувам за работата на комисијата, вели Силјановска Давкова.

За братот на Шенки Версаче, Шенол Маслани вели дека бил казнет за тепачка на само шест месеци затвор. Претседателката на државата сепак вели дека ќе ја почитува одлуката на Комисијата.

-Кај вториот случај се работи за дело кое е врзано со насилство или на некоја наплатна станица некоја тепачка и казната е 6 месеци. Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци значи кога ги замениле овие казни со условна од три години, да личностите се навистина интересни во негативна смисла на зборот тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас велам дека тие се воделе од конкретните дела. Претпоставувам дека има начин значи да се санкционира бидејќи да било делото членство во злосторнички здруженија и јас не знам какви опасни веројатно поинаку би било. Значи јас почитувам знаење, јас потпишувам одлуки меѓутоа јас велам дека никогаш директно нема да се мешам во работата на комисијата, точно е дека го имам последниот збор но мора да се има ова во предвид, изјави Давкова.

Вчера претседателката донесе одлука за помилување на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки Версаче, Акиф Рваманоски, член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“

Популарно