Во период од 20 минути вчера во Скопје пријавени два инциденти со физички напад од страна на група лица

На подрачје на Центар вчера во Скопје во период од 20 минути биле пријавени два инциденти со физички напад од страна на група од повеќе лица. 

Како што информираат од МВР, најпрво во 16:00 часот било пријавено дека група од повеќе лица физички нападнале 17-годишен малолетник, а потоа околу 16:20 часот било пријавено дека група од десетина лица физички нападнале две лица на возраст од 21 и 22 години. 

-Во СВР Скопје вчера е пријавено дека околу 16.20 часот во Скопје, на подрачје на Центар, Х.А.(22) и Е.К. (21) од Скопје биле физички нападнати од група од десетина лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Исто така, околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар група од повеќе лица физички нападнале 17-годишен малолетник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат денеска од МВР.

Автомобил прегази 77-годишна жена во кумановско, која починала во болница

На 24.10.2024 во 16.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кон с.Горно Којнаре, кумановско, патничко возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.(21) од село Горно Којнаре, удрило во С.Ѓ.(77) од село Матејче, липковско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ѓ. констатирани во Општата болница Куманово, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала.

Со телесни повреди се здобила С.П. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Пукање кај Смилковското Езеро

Денеска во 13.25 часот во СВР Скопје граѓанин пријавил дека додека ловел риба на Смилковско езеро, забележал три лица како излегле од патничко возило „пежо 106“ и едното од нив извадило огнено оружје со кое испукало неколку истрели во воздух.

Потоа, лицата со возилото го напуштиле местото на настанот.

Популарно