Шок за граѓаните на Куманово: 55% поскапување на приклучокот за гас

Јавното претпријатие „Куманово гас“ ќе ја зголеми цената за приклучок на гасоводната мрежа, одлучија советниците на денешната седница. Цената за приклучокот ќе се зголеми за 55 проценти. Надлежните од претпријатието велат дека се одлучиле за непопуларната мерка поради високите набавни цени на делови за приклучок.

- Направивме детална анализа за куќен приклучок за последниве три години како се движи цената за деловите кои се монтираат. Ние мора да излеземе во оваа одлука за да не бележи загуба претпријатието. Цената ќе се зголеми од 800 на 1.250 евра, и е навистина висока. Затоа апелираме до сите, да се изнајде можности, општината да надомести со субвенции, за да граѓаните не ја почувствуваат драстичната разлика, рече директорот на ЈП Марко Митровски.

Советничката Атина Мургашанска од СДСМ кажа дека опозицијата нема да го подржи предлогот.

- Сметам дека ваков, огромен скок од повеќе од 50 посто е навистина неприфатливо. Постојано говориме дека сме пионери во гасификацијата, како еколошки пооправдано гориво, а сега и онака малкуте расположените граѓани на ваков начин да ги демоларизираме и нема да сакаат да се приклучат, рече Мургашанска.

Митровски посочи дека претпријатието имало вработувања во делот на даватели на услуги, додека бројката на администрацијата останала иста. Тој потсети на лошата енергетска година кога цената на природниот гас скокна значително и речиси сите субјекти се префрлија на други енергенси за загревање. Лани, цената на природниот гас беше прилично стабилна што довело до враќање на потрошувачите пред сè, правните субјекти. Минатата година, мрежата беше проширена кон техничкото училиште и интернатот. Наскоро ќе биде потпишан договор помеѓу претпријатието и овие установи. За идната година се очекува приклучок на дополнителни шест големи субјекти.

- Да се развие ова претпријатие треба огромни средства, основната главнина не е значајно зголемена од самото формирање, кажа Митровски.

Со поддршка на ланските субвенции на Владата и Општината ср зголемил и бројот на приклучоци на домаќинствата за сто. „Куманово гас“ ќе реализира уште проекти со поддршка на Владата, бидејќи општина Куманово аплицираше за проширување на мрежата кон Доброшане. 

Кривични за злoупотреба на службена должност и несовесно обезбедување на Плаошник

Полицијата поднесе кривична пријава против лицето А.А.(49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против кичевецот Џ.Б.(54), заради „Несовесно работење во службата“.

Како што се наведува во соопштението од СВР – Охрид, лицето А.А. во својство на в.д. директор на Управа за заштита на културно наследство, со пропуштање должен надзор, односно без да изврши контрола кај локалитетот „Плаошник“ во Охрид, дозволил агенцијата за обезбедување имоти и лица „2СС“ со седиште во Кичево да се стекне со противправна имотна корист во вредност од 4.926.250 денари, на начин што избраниот субјект не се придржувал на одредбите од потпишаниот договор за физичко и техничко обезбедување на локалитетот.

Второпријавениот се товари дека како одговорно лице во агенцијата, по склучување на договорот со Управата не постапил по истиот и целосно не ги исполнил предвидените технички услови и ангажирал помал број вработени лица. Тој исто така не се придржувал на законот за приватно обезбедување каде јасно е предвидено дека секој вработен треба да поседува лиценца и легитимација. 

Бегајќи од полиција скокнал во Вардар и се повредил

Млад скопјанец скокнал во Вардар откако го запреле полицајци и побарале да се легитимира, соопшти полицијата.

– На 28.10.2024 во 17.04 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје додека вршеле легитимирање на Ф.А.(24) од Скопје, тој откако им ја дал личната карта, се обидел да избега и се спуштил на патеката за пешаци покрај реката Вардар, по што скокнал во реката, при што се здобил со тешки телесни повреди, известуваат од полицијата.

Се работи на расчистување на настанот.

Популарно