Кривични за злoупотреба на службена должност и несовесно обезбедување на Плаошник

Полицијата поднесе кривична пријава против лицето А.А.(49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против кичевецот Џ.Б.(54), заради „Несовесно работење во службата“.

Како што се наведува во соопштението од СВР – Охрид, лицето А.А. во својство на в.д. директор на Управа за заштита на културно наследство, со пропуштање должен надзор, односно без да изврши контрола кај локалитетот „Плаошник“ во Охрид, дозволил агенцијата за обезбедување имоти и лица „2СС“ со седиште во Кичево да се стекне со противправна имотна корист во вредност од 4.926.250 денари, на начин што избраниот субјект не се придржувал на одредбите од потпишаниот договор за физичко и техничко обезбедување на локалитетот.

Второпријавениот се товари дека како одговорно лице во агенцијата, по склучување на договорот со Управата не постапил по истиот и целосно не ги исполнил предвидените технички услови и ангажирал помал број вработени лица. Тој исто така не се придржувал на законот за приватно обезбедување каде јасно е предвидено дека секој вработен треба да поседува лиценца и легитимација. 

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно