18 годишник силувал 20 годишна девојка во Кисела Вода

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Д. (18) од Скопје за сторено кривично дело „полов напад и силување“.

- На 26.07.2024 околу 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, пријавениот извршил полов напад врз 20-годишна девојка, информираат од полицијата.

Татко секојдневно си ги тепал трите деца, учителките пријавиле во полиција

Вчера во 16.50 часот, во СВР Битола претставници од Центарот за социјални грижи Битола пријавиле дека од основно училиште во Битола стигнало до нив известување дека ученик дошол во училиштето со телесни повреди, соопшти МВР.

Оттаму појаснуваат дека од страна на претставници на ЦСР и стручен кадар од училиштето бил извршен разговор со мајката и со сите нејзини три нејзини деца, ученици во второ, четврто и осмо одделение. Децата посочиле дека нивниот татко секојдневно ги тепал и ги малтретирал.

Од страна на полициски службеници од СВР Битола на 29.10.2024 во 20 часот лишен е од слобода Џ.Е.(43) од Битола и поднесена е кривична пријава по чл. 201 од КЗ „запуштање и малтретирање на малолетно дете”, додаваат од полицијата.

Разбојничка кражба во скопски трговски центар: Украл гардероба и се заканувал со нож

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „разбојничка кражба“.

- На 21.09.2024 од продавница во трговски центар во Скопје, пријавениот откако одзел повеќе парчиња гардероба, му се заканил со нож на вработениот и го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна  корист од 38.376 денари, соопшти МВР.

Популарно