СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.
- На 21.09.2024 од продавница во трговски центар во Скопје, пријавениот откако одзел повеќе парчиња гардероба, му се заканил со нож на вработениот и го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 38.376 денари, соопшти МВР.