ВИДЕО: Масакр во Албанија: Тројца убиени, двајца се борат за живот

Вооружен инцидент се случил доцна попладнево во северниот албански град Скадар, во кој се убиени најмалку три лица, додека две се тешко повредени и се во животна опасност, објавија медиумите од Албанија.

-Идентитетот на сите жртви и околностите и мотивите за настанот не се познати, иако се поврзува со пресметка меѓу криминални групи. Се дознава дека две возила во движење пукале меѓу себе, при што во возило со хрватски регистарски таблички било пукано повеќе пати, а потоа удрило во бетонска ограда, објави АБЦ њуз.

Според истиот извор меѓу повредените е Арлинд Бушати (32), син на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на Демократската партија, Џемал Бушати.

На терен излегле големи полициски сили, како и возила на брза помош.

Едно од загинатите лица во Нови Сад е македонски државјанин

Едно од загинатите 14 лица во Нови Сад е македонски државјанин, штотуку соопшти претседателот на Србија Александар Вучиќ кој во моментов има обраќање пред јавноста.

Од МНР се уште се немаат огласено со детали за индетитетот на загинатото лице со македонско државјанство.

Најмалку осум жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад

Милан Ѓуриќ, градоначалникот на Нови Сад изјави дека се повредени најмалку 30 луѓе откако се урна настрешница на железничката станица, а министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека најмалку осум лица загинале во несреќата.

-Од урнатините се извлечени осум тела, четворица се живи, на едно лице му се ампутирани нозете. Во контакт сме со две лица под урнатините, изјави Дачиќ.

Дачиќ изјави дека спасувачите биле на местото на несреќата неколку минути по повикот и дека во спасувањето учествуваат околу 80 спасувачи од повеќе градови, но истакна дека кцијата е исклучително тешка.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека ќе инсистира да се најдат одговорните и оние кои морале да ги предупредат надлежните дека одредени работи мора да се поправат.

-Ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад и страшна трагедија. Во име на Владата и на сите граѓани на Србија, сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите. И да им се заблагодарам на сите спасувачи кои се борат да им помогнат на луѓето под урнатините, истакна Вучевиќ.

Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најмалку едно лице загина

Се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, а се претпоставува дека има загинати и повредени. Настрешницата се урна на пладне, а на лице место пристигнати се два багери за да ги откопаат урнатините, додека седум екипи на брзата помош и три противпожарни возила се на терен.

Станува збор за настрешница која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата.

Медиумите известуваат дека има повеќе тешко повредени лица, но засега нема потврда од МВР. Според РТВ, најмалку едно лице е загинато, а повредени се повеќе лица.

Градоначалникот на Нови Сад е на лице место, а министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ денеска ја прекина посетата на Црна Гора и се упати кон Нови Сад.

Популарно