ТАЖНА ВЕСТ: Рано утрово почина Зоки Фаци

Македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, почина утрово по долга битка со ракот.

За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите, објави неговиот пријател Стефан Лазаров.

„Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам.

Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш“, објави тој.

Во Црна Река 64-годишен маж пронајден починат во автомобил

Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември беше пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман.

Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство. Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се уште се изготвува и не е доставен до обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи.

-Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација. Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација, велат од Обвинителството

Врз основа на сите овие наоди и информации Основното јавно обвинителство Кавадарци целосно ќе го провери настанот.

Ненадејно изгубивме скромен, тивок и добар човек

Кошаркарската федерација на Македонија објави тажна вест. Ненадејно почина Ерхан Ќахил – Еко, кошаркарски делегат на сениорски и младински натпревари.

Големиот љубител на спортот ќе биде запомнет како скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.

„Изгубивме скромен, тивок и добар човек, со срце во кое имаше место за сите луѓе.

Изразуваме длабоко сочувство на семејството, пријателите и колегите, нека почива во мир и вечен спомен …“, објавија од судиската комисија на Кошаркарската федерација.

Му однел јадење на татко му кој работел на објект паднал и починал, 23 годишник загина во Скопје

Дваесет и тригодишен скопјанец трагично го загуби животот вчера по пад од објект во изградба на Бит Пазар.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера, а момчето првин се здобило со тешки повреди, но им подлегнало во болницата Свети Наум Охридски во Скопје.

Момчето со иницијали М.О. се нашло во објектот за да му однесе јадење на неговиот татко, кој бил работник.

Извршен е увид, а телото на момчето е дадено на обдукција.

Популарно