Хорор вечерва во Македонија: Ја убил партнерката и се пријавил сам во полиција

„Денеска 01.11.2024 околу 20.15 часот во ПС Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип и посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип“, велат од МВР  и додаваат:

Од страна на полициски службеници телото е пронајдено.

Во тек е увид на местото на настанот во присуство на дежурен јавен обвинител.

Убиен маж во пукање во Арачиново, повредено е и 19-годишно момче

Едно од двете повредени лица во вчерашниот оружен инцидент во селото Арачиново е починато. Лицето им подлегнало на повредите откако било пренесено во Ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Неофицијално станува збор за 50-годишен маж, додека повредено е 19-годишно момче.

На другото лице, што беше повредено во Арачиново, медицинските лица велат дека ќе му биде извршена хируршка интервенција.

„Во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’ примени се двете повредени лица во оружениот инцедент што попладнето се случи во селото Арачиново. Еден од повредените починал, а кај другиот ќе биде извршена хируршка интервенција“, потврдија за МИА од Ургентниот центар.

 

Од Министерството за внатрешни работи синоќа потврдија дека во селото Арачиново имало оружен инцидент и дека во двајцата арачиновци било пукано од возило „ауди“ во движење во кое имало две лица. Според МВР, повредени биле С.А. и А.А. кои околу 19 часот биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош.

 

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

 

Почина еден од ранетите во Арачиново

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ примени се двете повредени лица во оружениот инцедент што попладнето се случи во селото Арачиново.

Еден од повредените починал, а кај другиот ќе биде извршена хируршка интервенција, потврдија за МИА од Ургентниот центар.

Претходно од МВР информираа дека две лица се повредени од огнено оружје во инцидент што се случил вечерва во скопско Арачиново.

– На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с. Арачиново.

Според пријавеното, во нив во с.Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило “Ауди”, наведуваат од МВР и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Популарно