Меџити: Проработе свеста кај градоначалниците - има крупни проекти за животната средина

Во денешното гостување во централниот дневник на Телевизија Сител, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити истакна дека 40% од проектите со кои аплицирале општините за искористување на 100 милиони евра од Владата се во делот на животната средина.

На прашање за тоа дали Владата знае за какви проекти станува збор, Меџити изјави „За секоја општина, се работи за крупни и важни проекти. Самиот факт што 40% од проектите се за животна средина кажува дека свеста проработела кај градоначалниците, Владата и граѓаните и се дава приоритет на такви проекти“.

Таткото и синот во Тетово прво се тепале, а потоа пензионерот го застрелал синот во глава

По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело “убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР за Прес 24.

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.

Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна

По сообраќајната несреќа во која попладнето автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар, случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

Директорот на Клиниката за детска хирургија за Сител изјави дека детето нема животозагрижувачки повреди.

- Здравствената состојба на пациентот згрижен на Клиниката на детска хирургија е стабилна, направени се иницијални проценки кои што се уредни, меѓутоа поради начинот на кој настанале повредите, детето е задржано за опсервации, изјави д-р Лазо Јовчески.

Три безживотни тела се извлечени сосе возилото од Вардар: Се трага по четврто лице

Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено, соопштија надлежните од Центарот за управување со кризи за Прес 24.

Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по можно четврто исчезнато лице продолжува, изјави директорот Стојанче Ангелов за Прес 24.

На скопските клиники се наоѓа и дете, кое е на опсервација, но нема тешки повреди.

Тигрите и нуркачите се се уште на терен. 

Популарно