Дневен хороскоп

Овен

Денеска ќе остварите сѐ што ќе замислите. Сепак, би било убаво ако ги сослушате мислењата и реакциите на соработниците. Вашата сакана личност ќе направи сѐ за да бидете среќни. Ценете го тоа и возвратете ѝ на ист начин. На крајот од денот, опуштете се на начин којшто најмногу ви одговара.

Бик

Бикови, денеска ќе добиете нови предлози за деловна соработка. Ќе ја доведете во прашање меѓусебната доверба и вашите професионални способности. Не му ја ускратувајте можноста на партнерот да се забавува. Треба да имате повеќе разбирање за неговите интереси.

Близнаци

Вие ќе бидете спосони да воспоставите добра деловна контрола и да ги насочите настаните во насока што носи практични резултати. Иако на моменти ќе делувате таинствено, вашиот партнер ќе нема волја да ги дешифрира вашите мисли и постапки. Не е време за пасивна агресија.

Рак

Вам ќе ви биде важно да се претставите што е можно подобро во деловниот свет и да се изборите за што е можно подобро место во кругот на влијателните соработници. Вашиот партнер ќе ви постави кратки и логични прашања, но вие ќе му дадете неубедливи одговори. Бидете посигурни во себе.

Лав

Денеска ќе биде особено важно да ги употребите своите дипломатски манири во средбата со деловните партнери. Ќе се соочите со раздор во односот со саканата личност. Таа ќе бара поголемо разбирање, а вие ќе немате волја за такво нешто. Бидете внимателни, таквите нешта ја уништуваат врската.

Девица

Девици, денес ќе се најдете во деловна ситуација од која ќе научите важна лекција. Не само што сте вреден работик, вие сте и голем креативец. Активирајте ја вашата љубопитност. Постои голема веројатност дека ќе се скарате со партнерот, затоа внимавајте да не му кажете нешто во афект.

Вага

Никој не е совршен, затоа не го доживувајте деловниот успех како крај на светот. Како и да е, ќе излезете од таа ситуација со уште едно животно искуство. Кога последен пат сте имале забавна средба со саканата личност? Време е за романтичен состанок!

Скорпија

Денес ќе се чувствувате прилично амбициозно и ќе имате потреба да си дадете големи деловни предизвици. Ако постои личност која веќе некое време ви остава впечаток дека ѝ се допаѓате, време е да ѝ дадете шанса и да ја запознаете. Можеби, пред вас е љубовта на вашиот живот.

Стрелец

Останете смирени и не верувајте во информациите кои ќе ги добиете од луѓе во кои немате доверба. Не дозволувајте тоа да влијае врз вашата мотивираност и желба да работа. Ќе имате емотивна дилема во врска со партнерот, послушајте ја вашата интуиција. Не е сѐ така како што изгледа.

Јарец

Иако сте голем индивидуалец и сметате дека се способни самостојно да постигнете успех, дајте им шанса на колегите и на нивната желба за соработка. Денес ќе се соочите со низа замерки од страна на партнерот. Нема да ви се допадне тоа што тој долго време ги ставал работите „под тепих“.

Водолија

Водолии, денес ќе бидете способни да извршите повеќе работни задачи истовремено. Тоа ќе се случи благодарение на вашата способност за добра организација. Иако вам ви е убаво во врската, вашиот партнер ќе пројави желба за одредени промени во вашиот однос. Послушајте го.

Риби

Ако сте во можност, избегнувајте ги оние обврски за кои сте свесни дека ќе ве исцрпат – и психички и физички. За среќа, вие имате одлични колеги кои ќе ви излезат во пресрет. Кога станува збор за љубовта, вие ќе се чувствувате вознемирено бидејќи сметате дека партнерот не е ваше „емотивно засолниште“.

Пристигнува ретрограден Меркур, нема да има милост, а овие 3 знаци ќе бидат најпогодени

Во овој период, ретроградноста може да поттикне интроспекција и преиспитување на нашите верувања и животни цели.

Ретроградниот Меркур започнува на 26 ноември во знакот Стрелец и ќе трае до 16 декември 2024 година.

Многумина се чувствуваат непријатно при спомнувањето на рерогрден  Меркур ретрограден, а најмногу ќе бидат погодени Стрелците, Близнаците и Девиците.

Оваа фаза може да биде предизвикувачка, бидејќи Меркур, како планета на комуникацијата и рационалноста, не функционира добро кај Стрелецот кој важи за филозоф  и оптимист. Во овој период, ретроградноста може да поттикне интроспекција и преиспитување на верувањата и животните цели.

Можните ефекти на овој ретрограден Меркур вклучуваат:

Недоразбирања во комуникацијата: Можни се забуни и погрешно толкување на зборовите, особено кога се разговара за големи идеи.

Проблеми со патувањето: Бидејќи Стрелецот владее со патувањата, ретроградноста може да донесе одложувања и непредвидени ситуации.

Ревизија на идеалите и верувањата:Многумина ќе почувствуваат потреба да ги преиспитаат своите верувања и етички стандарди.

Насочување на енергијата: Овој период може да ги наведе овие знаци да се фокусираат на внатрешната работа, духовноста или образованието.

Се препорачува во овој период да не се донесуваат ненадејни одлуки или да се започнат нови проекти, туку да ги завршат старите обврски и да се работи сопствениот внатрешен развој, со поголема трпелива комуникација.

Ова ќе биде најсреќниот знак во 2025 година - Оваа шанса се чека 12 години

Се наближува 2025 година, а Јупитер, планетата на среќата и изобилството, на 9 јуни го менува знакот и влегува во Рак, каде што е најсилен, па од тој датум ќе им донесе неверојатни можности на припадниците на овој знак во рок од една година.

Јупитер во Рак има многу посебна, поволна положба бидејќи Ракот е знак во кој Јупитер е возвишен. Тоа значи дека Јупитер овде ги изразува сите свои најдобри квалитети, а неговите енергии се особено силни и позитивни.

Кога Јупитер е во Рак, тој поттикнува топлина, заштита, дарежливост и силно чувство за семејство, дом и корени. Луѓето со оваа позиција често имаат длабока потреба да се грижат за другите, создавајќи сигурна средина и емоционална стабилност за своите најблиски.

Година среќна за Раковите

Јупитер, најсреќната планета, ќе остане во Рак една година, што значи дека Раковите имаат доволно време да ги остварат своите соништа на емотивен и деловен план.

Значи, доаѓаат „петте минути“ на Раковите, а нивната среќна година официјално започнува на 9 јуни 2025 година. Бидејќи на Јупитер му требаат 12 години за да ги заокружи сите хороскопски знаци, јасно е дека ова е можност која се чека со години.

Според астролошките искуства, кога Јупитер влегува во нечиј знак, тоа е период од животот кога се можни проширување на семејството, брак, деловни можности, но и подобрување на материјалната состојба.

Јупитер во Рак негува енергија која комбинира духовна мудрост и практична поддршка преку грижлив и сочувствителен пристап. Тоа е позиција која носи емоционална стабилност, посветеност на семејството и способност да се создаде топлина каде и да оди човекот.

Популарно