Мицкоски: Фантом фирми црпеле од буџетот - на тоа се става крај

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Отвореното студио на тема Буџет 2025 на МТВ посочи дека веќе нема фантом фирми кои црпат пари од државната каса со фиктивни фактури за поврат на ДДВ, како и дека поради тоа во октомври за прв пат во Буџетот има суфицит со што се исплатени повисоки пензии, повисоки плати во образованието и здравството.

„Ние може после подолго време имавме суфицит во Буџетот и тоа беше во октомври од прилика милијарда и 125 милиона денари. И тоа претставуваше еден добар успех за Владата и тоа помогна во санирање на некои состојби прилично. Зборам од аспект на ликвидноста. Во делот на борбата со сивата економија, можам да кажам дека растот на приходите кој што доаѓаат изворно од работењето и на УЈП и на Царината се мери најчесто во двоцифрен број проценти, 12, 15 дури  и повеќе од 20 проценти. Тоа значи дека нема веќе фантом фирми кои што побаруваат поврат на ДДВ“, вели Мицкоски и додаде:

„Шести месец откако сме Влада многу од фантом фирмите кои што често пати пота биле банкротирани, препродавани на луѓе кои што не постојат надвор од земјата предизвикувале таква дупка во Буџетот што на моменти се доведувала и ликвидноста под знак прашалник. Е сега тоа веќе го нема. Принципот „како до сега го нема“ и од тие причини се појави овој суфицит кој за нас многу значи, а замислете во исто време имаме зголемени пензии, во ноември веќе од аспект на ликвидноста и зголемени плати во секторот на образование на здравство и слично.“

Тошковски и Јанев со полициските аташеа: Продолжуваме со интензивна соработка во сите области

Денеска во Владата на РСМ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на БЈБ при МВР, Александар Јанев организираа пригоден коктел за полициските аташеа во составот на странските дипломатско-конзуларни претставништва застапени во нашата земја.

Во своето пригодно обраќање министерот Тошковски, забалагодарувајќи се на досегашната соработка, особено во поглед на низата заеднички проекти во разни области, вредните донации во средства наменети за македонската полиција, како и многуте меѓународни обуки и тренинзи, изрази уверување дека таквото партнерство ќе продолжи и во иднина пред се во името на заедничките вредности и цели.

Воедно честитајќи ги претстојните Божиќни и Новогодишни празници на полициските аташеа нагласи дека – „во Новата година продолжуваме со интензивната полициска соработка во сите области бидејќи сме дел од едно семејство и се соочуваме со слични предизвици и проблеми а се во насока на решавање и обезбедување на глобалната безбедност“.

Скопје протестира: Филтри за фабрики, не за Инстаграм

Итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето е барањето од протестниот марш против аерозагадувањето во Скопје организиран од Иницијативата „Зелен Хуман Град“ што попладнево се одржува во главниот град.

Протестот почна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува пред Собранието и ќе заврши пред Владата.

Организаторите на маршот, соопштија дека протестот се организира бидејќи секоја година од 3.828 до 5000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух, беше посочено на маршот.

Популарно