ДСЗИ откри недостатоци при третманот на 5 годишното девојче кое почина на Детска клиника

Здравствениот инспекторат утврди недостатоци во медицинската евиденција на петгодишното дете кое почина минатата недела на Детската клиника. Од инспекторатот велат дека на потврдата за смрт наведена е дијагноза менингоенцефалитис, но истиот не е лабораториски потврден. Обдукција не е извршена на барање на родителите.

Забелешки има и за организацијата на клиниката особено во делот на дежурства кога се ангажираат само специјализанти. Од инспекторатот најавија дека ќе бараат и формирање на посебна комисија која ќе изврши стручен надзор врз лекувањето на детето.

„При надзорот констатирани се недостатоци во однос на водењето на медицинската документација, односно во упатите не е наведена работната дијагноза за пациентот, не се пишувани декурзуси од сите доктори, во Историјата за пациентот недостасуваат планови за лекување за што од страна на ДСЗИ ќе биде издадено решение со наредба за водење на евиденција согласно закон. ДСЗИ исто така има забелешки и во однос на организацијата, работата на Клиниката особено во делот на дежурства кога се ангажираат само специјализанти, а за што од страна на ДСЗИ претходно е издадено решение за кое роковите се во тек.“ - ДСЗИ.

Детето на клиниката првпат било донесено на 3-ти октомври, поради главоболка и покачена температура. По прегледот му била дадена терапија и било пуштено дома. По три дена повторно било донесено на Клиниката со температура и овој пат било задржено на болничко лекување, при што било водено од повеќе различни доктори, но по две недели состојбата му се влошува и починува. 

Од опозициската ДУИ и денеска побараа одговорност од министерот за здравство Арбен Таравари. 

„Во изминатите месеци, здравствениот систем во Македонија доживеа трагични настани кои длабоко ја потресоа јавноста. Необјаснивите загуби на животи на деца во педијатриската клиника се јасен аларм за сериозната состојба во која се наоѓа нашето здравство.“ - ДУИ.

Министерот за здравство пак повика опозицијата да се воздржи од политизирање на вакви случаи. 

„Таму каде што имаше феномени можеби на лекарски пропуст ние преземавме чекори. Најмногу се умира во болница, не починуваат луѓето дома. Значи сите тешки пациенти кои што имаат сериозни болести за жал таму е местото каде се лекуваат и, за жал, одредени луѓе починуваат.“ - Арбен Таравари министер за здравство.

Директорот на детската клиника, д-р Реџеп Мемеди за неделава најави прес конференција на која ќе ги соопшти состојбите и статистиките со смртноста, откако претходно обвини за политизирање на работата на детската клиника и борба за директорската фотелја наместо за детските животи. 

Ова е трет смртен случај на детската клиника во изминатиов еден месец за кој инспекторатот вршеше вонреден надозр. Претходно на клиниката почина 14-месечно бебе, за што двајца специјалисти се суспендирани од работа и за нив се води дисциплинска постапка.

We have information that doctors are referring patients to private hospitals!

CLINIC ZaSe with Menche Tochi – A different kind of conversation with the Minister of Health. In this episode of CLINIC ZaSe Menche Tochi brings up topics for which the public has long sought answers – directly, without evasion and without a filter.

The guest is the Minister of Health, who faces a series of uncomfortable questions rarely asked publicly before. What is really happening with the procurement of oncology medicines? Who will take responsibility for the doctors who were paying themselves higher amounts for duty shifts – and is returning the money enough? How are 7.5 million euros being spent on new ambulance vehicles? What is happening with the parking lot and the announced multi-story garage at the Clinic? How far is the process regarding the accusations by Dr. Kedev? Menche Tochi does not back down – she asks clearly, specifically, and on behalf of the citizens. The answers? You will hear them directly from the minister. This is not just an interview – this is a conversation that raises questions everyone asks, but few answer.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Популарно