Почина момчето за кое се обедини цела Македонија – ја загуби битката со пеколната болест

Почина Бошко Јанкулов, момчето од Кавадарци кое боледуваше од малиген карцином на коски, карлица и бели дробови. Македонија се обедини и за Бошко се собираа финансиски средства за да замине на лекување во Турција.

Бошко не успеа да ја победи оваа битка. Неговата мајка Весна, со трогателна порака се прости од нејзиниот син единец.

– Единец на мајка. Звездо наша нај сјајна, душа чиста како анѓел,срце пречисто како солза радосница, светлино наша ни ѓи исполни животите со спомени што за навек ќе се паметат. Дете полно разбирње,емпатија, простување, без осуди кон никого. Иако се чувстуваше тажно и неприфатено од околината сепак на крајот се запрепасти во тешките твои битки колки си сакан и почитивуван и подржуван . Биди спокоен чедо наше таму каде што одиш нема болки, нема патење само мир вечни . Вечен спокој на душата твоја , те чека бога со раширени прегратки. Прости ни сине не можевме да те сочуваме! Биди анѓел на небото исто како што беше на земјата. ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАК НАШ,НАРОДЕН ХЕРОЈУ. ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ. МАМА ТЕ САКА БЕСКОНЕЧНО 💔💔💔💔💔, напиша неговата мајка.

На социјалните мрежи се огласи и докторот Ненад Лазаров кој напиша:

Единец на мајка. Звездо наша нај сјајна, душа чиста како анѓел,срце пречисто како солза радосница, светлино наша ни ѓи исполни животите со спомени што за навек ќе се паметат. Дете полно разбирње,емпатија, простување, без осуди кон никого. Иако се чувстуваше тажно и неприфатено од околината сепак на крајот се запрепасти во тешките твои битки колки си сакан и почитивуван и подржуван . Биди спокоен чедо наше таму каде што одиш нема болки, нема патење само мир вечни . Вечен спокој на душата твоја , те чека бога со раширени прегратки. Прости ни сине не можевме да те сочуваме! Биди анѓел на небото исто како што беше на земјата. ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАК НАШ,НАРОДЕН ХЕРОЈУ. ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ. МАМА ТЕ САКА БЕСКОНЕЧНО 💔💔💔💔💔

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно