Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224, а 16 лица се уште се водат како исчезнати, се наведува на веб-страницата на шпанската Влада.

Како што се додава, 216 лица загинале во Валенсија, седум во Кастиља Ла Манча и едно во Андалузија, пренесува Ефе.

Владата наведува дека е извршена обдукција на сите жртви, а 197 тела се предадени на нивните семејства.

Повеќе од 100 од 216 смртни случаи регистрирани досега во Валенсија биле на возраст над 70 години, а девет биле малолетни, според официјалниот извештај на Центарот за интеграција на податоци објавени од страна на Врховниот суд во Валенсија.

Од вкупниот број починати, 131 се мажи, а 85 се жени, 190 се од шпанска националност, а 26 се од 11 други земји.

Невремето во Шпанија започна на крајот на октомври, проследено со големи поплави, кои најтешко го погодија регионот на Валенсија.

Средба Бајден - Трамп: Се очекува „мирна транзиција“

Републиканецот се врати во Белата куќа првпат по победата на изборите минатата седмица, одржувајќи состанок во Овалната канцеларија со демократот Џо Бајден, од кого загуби на изборите во 2020 година.

„Добредојдовте назад“, му рекол Бајден на Трамп на почетокот на средбата пред каминот.

Трамп му взвратил на Бајден дека политиката е „тешка“. „Тоа не е убав свет во многу случаи. Но, денес е прекрасен свет“, додал републиканецот.

Му се заблагодарил на Бајден за непречениот трансфер на власта, на што Бајден одговорил „нема за што“.

„Многу ценам непречена транзиција, тоа ќе биде најнепречено можно“, рекол Трамп.

Претходно во средата, Трамп ја прослави победата во Претставничкиот дом со своите републиканци, кои имаат големи шанси да го задржат мнозинството во тој дом на Конгресот кога ќе бидат конечните резулатит од изборите од 5 ноември.

„Зарем не е убаво да се победи? Убаво е, секогаш е убаво да се победи“, рече Трамп во Претставничкиот дом.

Бајден, кој претходно се кандидираше за реизбор против Трамп пред да се повлече од трката и да го предаде местото на својата потпретседателка Камала Харис, беше домаќин на републиканецот во Овалната соба, постизборна традиција што Трамп не ја следеше по поразот во 2020 година, заминувајќи на Флорида.

Џил Бајден и напишала писмо на Меланија: Ќе ти помогнам да се вселиш во Белата куќа

Првата дама на САД Џил Бајден испрати рачно писмо до идната прва дама Меланија Трамп за традиционалниот состанок како дел од предавањето на должностите во Белата куќа, изјавија извори од Белата куќа за Си-Ен-Ен.

Џил Бајден му се придружи на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден денеска за да го поздрави новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави официјален претставник.

Според него, Џил Бајден му врачила на Трамп рачно напишано писмо со честитки за Меланија Трамп, изразувајќи ја подготвеноста на нејзиниот тим да помогне во транзицијата.

Популарно