12 години без еден од нашите најголеми актери Владимир Дади Ангеловски

Владимир Ангеловски, или уште познат како Дади бил роден на 22 мај 1946 година во Скопје. Бил еден од најголемите македонски актерски имиња. Многу добро го познаваат како постарите, така и помладите генерации. Роден глумец, но сосема нетипичен глумец. Цел живот во Драмски театар – Скопје, со излети на “осмиот колосек” наречен естрада. За себе велел дека е глумец уште од своето раѓање.

Неговиот постар брат Коле Ангеловски на македонската јавност и е познат како извонреден режисер и актер со кој Дади има соработувано многупати.

Првите чекори кон својата идна професија Дади ги имал во Радио драмата, додека пак за првпат на сцената стапнал во 1962 година, кога го играл Оливер Твист кај режисерот Димитрие Османли во тогашниот Младинско-детски театар, денес Драмски театар – Скопје. И тука се раѓа неговата голема љубов кон театарот. Како гимназијалец во “Цветан Димов “ одел на голем број натпреварувања низ Југославија што всушност биле и неговите први естрадни почетоци. По гимназијата се подготвувал да оди на Академија во Белград, но тоа не се случило. Имено на Драмскиот театар во тоа време му биле потребни глумци па така Дади бил ангажиран во претставата „Принцот и просјакот“ и истата 1966 година станува и член на драмскиот театар.

Огромен е бројот на улогите во кои се појавува Дади, почнувајќи од детските серии и драми, па сè до сериозните улоги во некои од најзначајните македонски филмови, драми и серии. Секако дека не постои дете кое ја нема гледано познатата детска трилогија „Чук, чук Стојанче”, „Баш челик” и „Шекспир во приказни” која постигнува огромни успеси и тука и на сцените низ Југославија. Незаборавни се и ликовите Диди и Дади кои ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски во тв серијата „Да видам, да видам што да бидам”. Исто така Дади се појавува и во операта на МНТ во оперите „Шеќерна приказна” и „Деспина и мистер Докс”. Во 1967 година игра во психолошкиот филм „Мементо” во режија на Османли Димитрие, а во 1988 игра една од главните улоги во филмот „Викенд на мртовци”.

Понатаму следуваат улогите во филмовите „Солунски патрдии”, во режија на Коле Ангеловски, „Калигула” во режија на Миле Гроздановски, „Рибарски караници”, серијата „Лото, лото” исто така во режија на Коле Ангеловски, во претставите „Мефисто”, и „Дунек” со кои заработува и некои од неговите награди. Тука се и сериите: „Агенција осамени срца”, „Училиште за кловнови”, „Трст виа Скопје“, „Битолски лакрдии” и многу други.

Неизбежно е а да не се спомене радио-телевизиската програма “Хихирику” со која што заедно со своите колеги Димче Мешковски, Катерина Крстева, Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски и Катерина Коцевска во 2004-тата година го прославија јубилејот од 25 години од нејзиното постоење. Со некои од своите колеги има настапувано и неколкупати во Австралија изведувајки познати македонски драми за тамошните Македонци. Значајни се секако и улогите на Дади во голем број од Македонските народни приказни, а интересен е и фактот дека тој е единствениот глумец кој 9 години по ред настапува на манифестацијата Глумците пеат, колку што и постои самата манифестација.

Владимир Ангеловски-Дади е наградуван уште од самите почетоци на својата кариера уште како дете бил трикратен првак на Југославија во детска радио драма. Некои од позначајните награди: 13-та Ноемвриска, Климент Охридски и наградите на фестивалот Ристо Шишков.

Починал на 15 ноември 2012 година во Скопје.

Извор: Екран.мк

Денес се навршуваат 18 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 18 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

Популарно