И Радев и честиташе на Шеќеринска

И честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното именување на одговорната функција заменик генерален секретар на НАТО и очекувам со својата работа да придонесе за зајакнување на колективната одбрана и безбедност на алијансата“, напиша бугарскиот претседател Румен Радев на социјалната мрежа Х, пренесува Трибуна.

Поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија Радмила Шекеринска стана нов заменик генерален секретар на НАТО.

Поранешниот холандски премиер Марк Руте ја презеде функцијата генерален секретар во октомври, а Марија Габриел исто така беше во трка за негов заменик. Уште тогаш излегоа неофицијални информации дека за позицијата ќе се бира меѓу неа и Радмила Шекеринска.

Шекеринска, која беше министерка за одбрана на Северна Македонија од 2017 до 2022 година, го надгледуваше пристапувањето на земјата во НАТО во 2020 година.

Таа ќе го замени вршителот на должноста заменик генерален секретар на НАТО, Борис Руге, кој ја презеде функцијата на привремена основа откако тогашниот заменик генерален секретар Мирча Јоана објави дека ќе се кандидира за претседател на Романија.

Откупот на тутунот почна воздржано

Откупот на тутунот од годинашнава реколта почна воздржано. Од 305 откупни ваги, во моментов се отворени 19 ваги на две компании, на „Сокотаб“ и на компанијата „Кавекс“. Од утре пунктовите ќе ги отвори фирмата „Пашоски“, а сѐ уште не се знае кога ќе почнат да откупуваат уште седум компании меѓу кои и прилепскиот Тутунски комбинат зошто отворањето на пунктовите, поради поверениците мора пет дена порано да го најават кај Сојузот на тутунските здруженија.

И со отворени 19 откупни ваги, од кои по две во Прилеп и Битола, па во Пелагонискиот и во источниот регион, тутунарите се воздржани да го носат родот, очекувајќи каква цена ќе биде постигната. Според последните информации, во Прилеп се презеле 150-тина килограми  во прва класа по 375 денари за килограм. Од Сојузот на тутунските здруженија најавуваат дека ќе бараат цените да не бидат пониски од 420 денари што би било колку-толку исплатливо за производителите.

-Според нашите сознанија во источниот дел од земјава и во Пелагонискиот регион има однесено тутун за откуп и тие количества се проценети во прва класа која е 375 денари, со напомена дека откупувачите во моментов не го откупуваат влажниот и сувиот тутун. Но, се цени само  на две ваги, веројатно откупувачите тактизираат, тутунарите не носат, сакаат да видат по која цена се откупува родот. Имаме разговарано со откупувачите за да не откупуваат по пониска цена. Ние инсистираме просечната цена да достигне 420 денари за килограм, и како лани, ќе бараме да биде како анекс во договорите, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Годинава, 10-те откупувачи имаат склучено договори за околу 26 000 тони тутун, а според Сојузот, реално реколтата е околу 17 000 тони.

-Тутунот е со висок квалитет и реално е тутунарите да бараат повисоки цени за да биде исплатливо производството и да се задржат помладите генерации да ја работат оваа индустриско-земјоделска култура која на државата ѝ обезбедува девизен прилив, вели Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од Долненско и член на Сојузот на тутунските здруженија.

Десетте лиценцирани компании откупот на тутунот мора да го почнат најдоцна до 15 декември.

Таравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека зголемувањето на платите за здравствените работници во наредните четири години ќе биде помеѓу 40 и 50 проценти.

„Изворедна вест. Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава. Благодарност до Владата и синдикатите, кои се согласија на овој договор, кој ќе влезе во светлите страници на оваа земја“, соопшти Таравари.

Претходно, и премиерот Христијан Мицкоски им се заблагодари на синдикалните организации и на синдикатите, кои конструктивно учествуваа со нивните идеи за време на целиот процес заедно со претставниците на синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, како и другите што беа вклучени.

Со овој постигнат договор, според соопштеното од страна на надлежните, веќе в година во март ќе има дополнително зголемување од 5 проценти на сумата наменета за плати за здравствените работници, а во 2026 година тоа ќе биде од 5 до 7 проценти. Истото зголемување од 5 до 7 проценти ќе се реализира и во 2027 година, а во 2028 година ќе биде од 7 до 10 проценти.

Или, како што е истакнато во соопштението на Таравари, ако се земе целиот период последователно, се добива зголемување на износот на средствата потребни за исплата на платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти.

Популарно