Претседателката Гордана Силјановска Давкова преку социјалните мрежи доцна вечерва информираше дека остварила телефонски разговор со новоизбраната заменичка генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска. Согласно информациите, претседателката и ја честитала функцијата, а и закажана е средба меѓу двете за овој петок.
„Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО.
На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот.
Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата“, напиша претседателката на ФБ.