Владата ќе набави нови 120 електрични автобуси

Владата ќе набави нови 120 електрични автобуси, информираше вечерва од Белград премиерот Христијан Мицкоски.

„Набргу од денеска, ќе излеземе со еден нов предлог проект, а тоа е, анализираме се уште каква е расположивата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси, заедно со полначи, 50-тина, кои што ке бидат распределени не само во Скопје, за јавното сообраќајно претпријатие, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз во пропорцијата 80-40, или може би да биде... 70- 70. Ке видиме, се уште размислуваме и анализираме оваа ситуација и убеден сум дека многу набргу од денес кај ке изнајдаме едно вакво решение со кое што драматично ке го олесниме и јавниот превоз во Скопје, но и во другите општини кои што имат организиран јавен превоз“, изјави Мицкоски.

Македонски автобус се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Сообраќајна несреќа се случи вечерва на автопатот кај Појат во Србија.

Како што пренесува страницата на Инстаграм 192.rs, македонскиот автобусот се излизгал и удрил во банкината.

Состојбата на патниците не е позната, а причинета е поголема материјална штета.

Во текот на денот обилните снежни врнежи предизвикаа колапс на автопатот Милош Велики.

Состојбата на патиштата е критична низ Србија поради снегот кој не престанува да врне, коловозите се лизгави, па на возачите им се препорачува да бидат внимателни и да возат бавно.

Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ.

Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Според информациите од македонската Влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.

Популарно