Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје, информираат од МВР за Прес 24 во врска со инцидентот кој се случи пред 21 часот во продавница на Нептун кај градскиот стадион.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава, дополнуваат од МВР.