Добри вести за граѓаните: Се намалуваат цените на повеќе од 600 производи

Во присуство на производителите и дистрибутерите, повторно на едно исто место беа и производителите и дистрибутерите, направивме нешто што досега можеби никогаш не е направено, а тоа е дека сите заедно ние разговаравме извесен период и за време на тие разговори дојдовме до компромис во којшто сите страни се согласивме дека во периодот од 15-ти декември до 15-ти јануари цените на одредени производи, а тоа се повеќе од шестотини артикли, ќе бидат намалени и брендирани како што беше до сега, рече премиерот Христијан Мицкоски.

„Тоа е многу важно, бидејќи на тој начин ќе можат и граѓаните сето тоа да го препознаат. Нормално ова не е направено со интервентна мерка од страна на Владата, не е направено со ограничување на цените, туку е консензуално решение и поради тоа нема да има за ова казнување, се разбира, туку ќе има само мониторинг на тоа дали на сите тие производи ќе бидат залепени сите овие налепници за коишто зборуваме за да биде визибилно за граѓаните, за да можат тие да ги препознаат овие производи. И покрај овие еден месец дена колку што планираме сето ова да функционира беспрекорно, ќе повторам повеќе од 600 производи артикли, кои што се добиени по основ на консензус помеѓу сите овие страни за кои што зборував, очекувам и понатаму да продолжиме заеднички да бидеме општествено одговорни за овие тешки моменти, заеднички да работиме да помогнеме на македонските граѓани, на македонската економија, стандардот на македонските граѓани и на тој начин да има повеќе за секого“, вели Мицкоски и додава:

„А ние како Влада да се грижиме, бидејќи тоа е многу важно затоа што оваа Влада од самиот почеток, еве веќе шести месец откако е избрана има за цел да се грижи за стандардот на граѓаните и државата генерално за да се вратиме на оние победнички патеки каде што и во суштина припаѓаме. Така што еве јас тука да сумирам, очекувам успешна акција, очекувам ниски цени во очи на новогодишните празници, и очекувам среќни граѓани и полна трпеза за време на празниците кои што следат.“

РКЕ одлучи: Нафтата и бензинот поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг. 

Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)

ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот

Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. 

Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом. 

Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..  

Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава. 

Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина. 

Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. 

Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање. 

Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. 

На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас.

ДУИ

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. Како што попладнево изјавија за МИА од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на државава.

Меѓу собраќајните незгоди има некои со потешки последици, па и со смртен исход.

Здравствени работници во изјава за МИА апелираат да не се вози под дејство на алкохол за време на претстојните празници,да се внимава при управување со возилата поради времето, особено во вечерните часови кога има услови за замрзнување на коловозот.

За претстојните божиќни празници, Итната помош ќе работи нон - стоп, а Единицата за домашна посета од седум до 21 часот.

- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, во текот на божиќните празници на 6 и 7 јануари, ќе работи со следново работно време - Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од седум до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

Популарно