Париската катедрала Нотр Дам повторно отворена, со присуство на бројни официјални претставници

Во Париз ќе се одржи церемонија по повод отворањето на катедралата Нотр Дам, со говор на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го одржа своето ветување дека изгорениот скапоцен камен на готската архитектурата ќе биде повторно отворен во 2024 година, но сјајот на таа инаугурација ќе остане во сенка на актуелната политичка криза во земјата.

Макрон денеска ќе одржи говор на плоштадот пред обновената катедрала по големиот пожар на 15 април 2019 година.

Најавено е дека ќе се одржи прва миса отворена за пошироката јавност, јавија француските медиуми.

Своето присуство на церемонијата го потврди и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и тоа ќе биде негово прво патување откако во ноември победи на изборите во САД.

Претседателот на Франција на 29 ноември ја посети Нотр Дам заедно со камери кои го открија раскошот на обновената зграда.

Макрон се надева дека церемонијата на отворање на катедралата за него ќе биде голем дипломатски состанок со пристигнувањето на околу 40 шефови на држави и влади.

Точно на 15 април 2019 година, пожар ја опустоши катедралата, симбол на христијанството кој беше вклучен во светското наследство на Организацијата за образование, култура и наука на Обединетите нации (УНЕСКО).

Дотогаш, катедралата добиваше 12 милиони посетители секоја година.

Беа потребни неколку месеци да се отстранат 40,000 јагленисани цевки што ја опкружуваа катедралата пред пожарот и да се демонтираат статуите поради реставрација.

Тој процес, прекинат за време на епидемијата на коронавирусот, се спроведуваше под висок степен на безбедност, беше завршен во летото 2021 година и чинеше 150 милиони евра.

Реконструкцијата почна во есента 2021 година на градилиштето на катедралата, каде беа поставени внатрешни и надворешни скелиња, како и бројни работилници на столари, стаклари и каменоресци.

За Французите, катедралата Нотр Дам не е само светски позната средновековна готска катедрала, туку срцето на Париз и градба овековечена од писателите и дел од историјата на нацијата.

Изградбата на катедралата била почната во 1163 година од страна на епископот Морис де Сали, а била завршена речиси два века подоцна во 1345 година. Нотр Дам е тесно поврзан со историјата на Французите.

Нејзините моќни ѕвона биеле на 24 август 1944 година за да го одбележат ослободувањето на земјата од нацистите, а 26 години подоцна тие заѕвонија на погребот на водачот на Отпорот, генералот Шарл де Гол.

Катедралата ја опеал поетот Жерар де Нервал, кој во 1832 година ѝ ја посветил песната „Богородичната црква во Париз“.

Една година претходно, Виктор Иго го напиша романот „Богородичната црква во Париз“, за катедралата, ѕвонарот Квазимодо и ромската танчерка Есмералда.

Белгија е првата земја во ЕУ која ќе користи специјален дрон за транспорт на крв за болниците

За прв пат во Белгија патнички дрон транспортираше крв за потребите на болница, објави порталот Фокус на Белгија.

Белгискиот сајт оцени дека од технички аспект е отворен патот за економски, еколошки и ефикасно извршување на сложени медицински транспорти во секојдневниот живот, за кои традиционално се користат хеликоптери или лесни авиони. Сепак, од правен аспект, тоа сè уште не е можно.

Пробниот лет се одржа во близина на Лимбург во фламанскиот дел на Белгија. Беспилотното летало, со две патнички седишта и 16 електромотори и пропелери, летал до 130 километри на час за 30 минути.

Дронот поминал 2,6 километри без пилот со пакети крв. Авионот е дело на белгиската компанија Хеликс.

Овој авион е прилагоден за брз транспорт на крв до болници или во случај на обезбедување итна помош на недостапни места.

Сепак, законодавството во областа на сообраќајот во Европската унија сè уште не држи чекор со технологијата и иновациите во тој сектор, но пробниот лет е чекор во вистинската насока, објави порталот.

Јато делфини формирале заштитен прстен и спасиле капач од голема бела ајкула: „Никогаш нема да го заборавам ова пливање“

Адам пливал во водата кога недалеку од него се појавила огромна ајкула, која најверојатно ќе го нападнела доколку делфините не дошле напомош.

Делфините формирале заштитен прстен околу Адам, спречувајќи ја ајкулата да му се доближи.

„Случајно погледнав и видов ајкула, беше неколку метри под мене. Се обидов да не паничам“, рекол Адам.

„Мислам дека ме штитеа и сакаа безбедно да стигнам до мојата дестинација. Секогаш ќе го паметам ова пливање“, изјавиl Адам.

Држејќи се во јато, делфините се бранат од напад на ајкула, а смелите суштества често го вознемируваат предаторот и го бркаат.

Никогаш нема да дознаеме дали делфините го направиле ова за да го одбранат Адам, но во секој случај ја избркале ајкулата од него.

Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург минатиот месец се искачи на шест, откако една жена почина од повредите, соопшти локалното обвинителство.

Обвинителите соопштија дека жената починала во болница, јави германската новинска агенција ДПА.

Во терористичкиот напад на 20 декември беа повредени повеќе од 200 луѓе.

Властите го идентификуваа осомничениот како саудиски лекар кој пристигнал во Германија во 2006 година и добил постојан престој. Тој бил уапсен веднаш откако го возел својот автомобил низ преполн пазар.

Властите рекоа дека тој не одговара на вообичаениот профил на екстремистички напаѓачи. Тој се опиша себеси како поранешен муслиман и беше многу критичен кон исламот, а на социјалните мрежи изрази поддршка за екстремната десница.

Популарно