Дефект на владиниот авион – Сиљановска Давкова не замина на отворањето на Нотр Дам во Париз

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, поради дефектот на владиниот авион, соопшти вечерва Кабинетот на претседателката.

-„о врска со информациите на дел од медиумите дека претседателката Гордана Сиљановска Давкова учествува на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, Кабинетот на претседателката информира дека таа не замина во Франција“, се наведува во соопштението.

Од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова го информирале Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон дека таа не е во можност да патува поради дефектот на владиниот авион со кој беше планирано да се патува во Париз.

Нема веќе печати, пасошите ќе се скенираат - нови правила за патување во ЕУ

Во рок од шест месеци од неговото постепено воведување, секој граничен премин во Шенген зоната се очекува да го користи новиот систем за влез/излез (ЕЕС). По бројните одложувања и неуспеси, долгоочекуваниот систем за влез/излез на Европската унија (ЕЕС) наскоро би можел да се појави на граница во близина на вас, пренесе Плусинфо.

На 4 декември, Европската комисија (ЕК) предложи прогресивен почеток на работа за EЕС, новиот европски дигитален граничен систем за граѓани кои не се членки на ЕУ.

Откако предлогот ќе биде одобрен и ЕК ќе го одреди датумот за почеток, земјите-членки ќе имаат рок од шест месеци да го спроведат. Официјалната веб-страница на EEС потврди дека системот ќе започне со работа во 2025 година, иако не беше даден точен датум. Ова значи дека речиси девет години откако беше предложен EEС, тој конечно може да се оствари.

Еве сè што треба да знаете за тоа како Американците, Британците и другите земји кои не се членки на ЕУ, вклучително и Македонија, ќе ги преминат границите на блокот.

Што е EEС?

Системот за влез/излез ќе биде автоматизиран систем за пријавување за патници од Британија и други патници кои не се членки на ЕУ на кои не им е потребна виза за влез во ЕУ.

Патниците ќе треба да ги скенираат своите пасоши или друг патен документ секогаш кога ќе ја преминат надворешната граница на ЕУ. Тој нема да важи за легалните граѓани или жители на ЕУ или за оние со долгорочни визи.

Системот ќе го регистрира името на патникот, биометриските податоци и датумот и местото на влез и излез. Податоците за скенирање на лице и отпечатоци од прст ќе се земаат на секои три години и ќе важат за повеќе патувања во тој период.

Зошто се воведува EEС и во кои земји?

ЕЕС ќе важи за граѓаните кои не се членки на ЕУ кои доаѓаат во блокот за посети, одмори или работа и остануваат до 90 дена во период од 180 дена. Официјални претставници на ЕУ велат дека системот се воведува за да се подобри граничната безбедност и да се идентификуваат патниците кои го преостануваат своето време во Шенген зоната (90 дена во период од 180 дена).

„Со EEС, точно ќе знаеме кој влегува во Шенген зоната со странски пасош“, рече во август Илва Јохансон, поранешен европски комесар за внатрешни работи во „eu-LISA“, агенцијата која ги надгледува главните европски ИТ системи.

Ќе се применува при влез во сите земји-членки на ЕУ, освен Кипар и Ирска, како и четири земји кои не се шенгенски: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Mлада поетеса од Велес на 22 години има издадено шест книги!

ВЕРУВАЈЌИ ВО ТИШИНАТА "СЕ Е ИСКРЕНО" - е книга што ќе се продава исклучиво само онлајн, а дел од средствата од продадените книги ќе бидат донирани.

Вероника Саздовска - млада поетеса од Велес на 22 години има свои шест книги.

Мало запознавање со воведот на книгата:
„Се е искрено“ – оваа едноставна, но длабока изјава носи со себе огромна сила. Искреноста е темел на секој однос, основа на довербата и клучна за изградба на вистинска поврзаност помеѓу луѓето. Во светот полн со привидности, лицемерие и лаги, искреноста е реткост која се цени, но истовремено и создава сила во нејзината едноставност. Кога се однесуваме искрено, не само што се ослободуваме од тежината на лажните маски, туку и му дозволуваме на светот да нè види во нашата најчиста и вистинска форма. Искреноста не е само збор, туку и одлука да си бидеме верни на себе и на другите.

Порачка на книгата можете да направите на инстаграм профилот @callmeveki или на фејсбук профилот Вероника Саздовска

Мицкоски: Фантом фирми црпеле од буџетот - на тоа се става крај

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Отвореното студио на тема Буџет 2025 на МТВ посочи дека веќе нема фантом фирми кои црпат пари од државната каса со фиктивни фактури за поврат на ДДВ, како и дека поради тоа во октомври за прв пат во Буџетот има суфицит со што се исплатени повисоки пензии, повисоки плати во образованието и здравството.

„Ние може после подолго време имавме суфицит во Буџетот и тоа беше во октомври од прилика милијарда и 125 милиона денари. И тоа претставуваше еден добар успех за Владата и тоа помогна во санирање на некои состојби прилично. Зборам од аспект на ликвидноста. Во делот на борбата со сивата економија, можам да кажам дека растот на приходите кој што доаѓаат изворно од работењето и на УЈП и на Царината се мери најчесто во двоцифрен број проценти, 12, 15 дури  и повеќе од 20 проценти. Тоа значи дека нема веќе фантом фирми кои што побаруваат поврат на ДДВ“, вели Мицкоски и додаде:

„Шести месец откако сме Влада многу од фантом фирмите кои што често пати пота биле банкротирани, препродавани на луѓе кои што не постојат надвор од земјата предизвикувале таква дупка во Буџетот што на моменти се доведувала и ликвидноста под знак прашалник. Е сега тоа веќе го нема. Принципот „како до сега го нема“ и од тие причини се појави овој суфицит кој за нас многу значи, а замислете во исто време имаме зголемени пензии, во ноември веќе од аспект на ликвидноста и зголемени плати во секторот на образование на здравство и слично.“

Популарно