Ден по отворањето на Нотр Дам, свечена миса со присуство на Макрон и други лидери

Во обновената катедрала Нотр Дам во Париз денеска се одржа свечена миса, пет години по катастрофалниот пожар.

На настанот, кој почна во 10:30 часот, присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон, бројни јавни личности и државни лидери.

Мисата ќе ја служи парискиот надбискуп, а ќе учествуваат и бискупи, свештеници и верници од целиот свет.

Папата Франциск, кој не присуствуваше на настанот, упати честитки, истакнувајќи дека обновата на катедралата е симбол на меѓународната великодушност и посветеност на уметноста, архитектурата и верата.

Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд

Кибер експерти на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) воспоставиле контрола врз веб-серверите на веб-страницата на руската Државна дума и Уставниот суд, пренесува Укринформ, повикувајќи се на извор од украинскиот разузнавачка служба.

-По повод официјалниот државен празник на Руската Федерација – Денот на Уставот, кој се одбележува денеска, кибер експерти на ГУР поставија транспарент на веб-страницата на Државната дума на Руската Федерација со порака „Русија не постои“, а веб-страницата на Уставниот суд на Руската Федерација беше блокирана и корисниците не можеа да пристапат до неа, пишува Укринформ.

Според изворот на украинската државна новинска агенција, кибер нападот врз овие руски веб-ресурси „целосно ја парализирал нивната работа и ги оневозможил серверите.

Трамп ќе ги помилува учесниците во упадот на Капитол уште на првиот ден од мандатот

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп најави дека уште на првиот ден од неговиот мандат ќе ги помилува сите лица кои учествувале во нападот врз Капитол на 6 јануари 2021 година.

– Ќе дејствувам многу брзо, уште првиот ден, изјави Трамп во интервју за Ен-Би-Си њуз, одговарајќи на прашањето кога планира да ги помилува неговите поддржувачи обвинети за нападот, чија цел беше да го спречат неговиот пораз на изборите во 2020 година.

Трамп нагласи дека може да има „неколку исклучоци“ од помилувањето, ако лицата делувале „радикално“ или „лудо“ за време на нападот, во кој животот го загубија пет лица, а беа повредени стотици – меѓу кои и 174 полицајци.

Тој ги опиша судските процеси против неговите поддржувачи како суштински неправедни и не ја исклучи можноста да помилува над 900 обвинети кои веќе се изјасниле за виновни, вклучувајќи ги и оние обвинети за насилство.

„Ќе го разгледаме секој случај поединечно“, рече Трамп

Популарно