Паднаа Фејсбук и Инстаграм ShareТехнологија пред 11 месециПопладнево паднаа сите мрежи на компанијата Мета. Се работи за социјалните мрежи Facebook, Messenger, Instagram, Threads, како и Whatsapp. Корисниците на мрежите од целиот свет јавуваат проблеми.ShareTwitter Коментирај
Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормалаТехнологија пред 11 месеци„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение. Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.ShareTwitter Коментирај
Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина ЕвропаТехнологија на 10.2024Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина. Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД. Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година. На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер. Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.ShareTwitter Коментирај
Живот Си направил скара во дворот пред 20 години, а за тоа се уште се тужат со соседот: Денеска е отпочната нова постапка
Се и сешто Доктор Беќаровски ја поздрави својата „скопска “ генерација: Бевме среќна генерација која...
Живот Според Фројд, ова е единствениот начин да се препознаат глупавите луѓе: Една работа веднаш ги издава, внимавајте како се однесуваат
Македонија Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад
Вести Топло и срдечно добредојде за дечињата Фолклорен Ансамбл Љупчо Сантов - Оризари, Кочани во Црквата св.Кирил и Методиј Дортмунд
Напиши Вести Промоција 🎉 „На каде одиме?“ се враќа со третата сезона – инспирација, нови гости и свежи приказни секој четврток!