РКЕ одлучи: Нафтата и бензинот поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 % во однос на одлуката од 10.12.2024 година. 

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 45,765 ден/кг. 

Од 17.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 76,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 79,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,765 (денари/килограм)

Историски успех: Македонец за првпат потпретседател на COST

Министерката за образование и наука Весна Јаневска одржала работен состанок со националните претставници на ЕУ-програмата COST (European Cooperation in Science and Technology) - проф. д-р Зоран Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, национален претставник во COST Committee of Senior Officials (CSO), и Александар Тутновски, COST National Coordinator (CNC).

Како што објави МОН, во фокус на состанокот бил изборот на Поповски за потпретседател на COST и претседател на Извршниот одбор на COST (Executive Board - EB).

-На  219-тиот состанок на COST Committee of Senior Officials  во Мадрид, одржан на 27 ноември 2024, со тајно гласање проф. д-р Зоран Поповски беше избран  за нов потпретседател на COST. Воедно, во наредниот тригодишен период ќе ја извршува и функцијата претседател на COST Executive Board, наведува МОН. 

COST е најголемата научна мрежа во светот, која опфаќа над 60 000 научници и иноватори и располага со годишен буџет од околу 100 милиони евра.

-Со овој избор, проф. д-р Зоран Поповски стана првиот потпретседател во историјата на COST кој доаѓа од земја што не е членка на Европската Унија. Министерката Јаневска му го честиташе изборот на проф. Поповски, истакнувајќи дека неговата улога во високите управувачки структури на COST е од големо значење за поголема вклученост и видливост на научно-истражувачката заедница од Македонија, информира Министерството за образование и наука. 

Судот одреди притвор за Груби и Бајрами

Кривичниот суд го прифатил барањето на ЈО за определување на мерката притвор на двајцата осомничени за "Лотарија", Артан Груби и Перпарим Бајрами. 

„Мерката ќе се спроведе во моментот кога осомничените ќе бидат достапни на органите на прогонот или доколку во меѓувреме самите се пријават во Судот“, информираат од Кривичен.

Популарно