Ни кажаа да ги фалиме, пари не ни дадоа: Пејачите и се налутија на Арсовска

Им кажале да снимаат видеа на кои го фалат Град Скопје и организацијата, го сториле тоа, ама останале без пари. Музичките уметници кои лани за Нова Година ги забавуваа скопјани на Плоштад Македонија, останаа без хонорарите кои Град Скопје им ги ветил. Иако според договорот, истите требало да им се исплатат во рок од три месеци, пејачите за Сител тврдат дека веќе цела година ги чекаат финансиите. 

Од Комората за музичка индустрија поднеле и тужба. Станува збор за над 50 лица кои не добиле пари, а биле дел од програма која лани беше организирана за новогодишните и божиќните празници од страна на Град Скопје.

Сител испрати прашања до Градот поради која причина не се исплатени финансиите на музичките уметници, но одговор не добивме.

Перински: На Скопје му ги знам сите проблеми

Максимално сум посветен на сегашната функција, особено сега кога фокусот ми е на прашањето околу законските измени кои ги отвораме после 20 години од примената на Законот. Зошто изразив амбиција за градоначалничкото столче? Затоа што ги знам сите проблеми со коишто се соочува Градот и јавните претпријатија и на дневна основа комуницирам со сите оние коишто се засегнати. Верувајте ми, после октомври, кој и да биде новиот градоначалник, ќе се соочи со многу работи кои тогаш ќе излезат на површина, на виделина, кои сега не ги гледаме, а се реалност, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински во вечерашното гостување на Сител ТВ.

„Неколку пати досега кажав, на Градот му треба системски пристап на решавање на проблемите кој во целост ќе го реши јавниот превоз, кој пак е врзан со проблемот со загадувањето, кој пак зависи и од локалната и од централната власт и двете нивоа на власт треба заеднички, паралелно да го решаваат ова прашање. Имам многу идеи во глава, имам направено апсолутно целосно модел за рекомпонирање на јавните претпријатија, за зголемување на функционалноста во испораката на услугите кон граѓаните, но и за поголема ефикасност и ефективност на работните процеси. Како ќе одлучи мојата партија, така и јас ќе ја почитувам таа одлука. Кој и да биде потенцијалниот кандидат, препорачан од страна на мојата партија, јас сум сигурен дека е извесно дека тој ќе биде новиот градоначалник на Град Скопје. Сите колеги кои имаат амбиции за градоначалничкото столче, јас навистина ги охрабрувам, дури и оние кои не размислувале на оваа тема. Така ќе продуцираме квалитет, добро е да имаме повеќе потенцијални кандидати, тоа е здрав процес. Колку повеќе луѓе ќе се вклучат, толку подобар и посоодветен кандидат ќе избереме. Јас во ниту еден случај нема да дозволам моето име и презиме да фигурира во некој внатрепартиски конфликт, не гледам потреба од такво нешто, ниту пак ќе дозволам тоа да се случи“, додаде Перински.

Инспекторите се пуштаат во акција: Ќе анализираат што се' поскапело

Владата на денешната седница го задолжи Министерството за економија и труд да испрати насока до Државниот пазарен инспекторат, да излезе веднаш на терен и да утврди фактичка состојба, да се утврдат неправилности и злоупотреби со поскапувањата на одредени производи за широка потрошувачка и да се направи анализа за минатите 30 дена, соопшти премиерот на социјалната мрежа ФБ.

Нема да дозволам на грбот на граѓаните неодговорни трговци да направат екстра профит злоупотребувајќи ја нашата и граѓанската доверба. Нема место за таков вид на профитери, напиша Мицкоски на ФБ.

Газдата на Нептун, Груби го оставил во Тирана: Екс вицепремиерот се крие во Хамалај?

Бизнисменот и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику, во полиција дал исказ дека на 15 декември го одвезол поранешниот вицепремиер Артан Груби до Тирана, каде пиеле кафе и го оставил во хотел близу стадионот, пишува „Фокус“ повикувајќи се на полициски извори и извори од владата.

Порталот пишува дека дел од членовите на владата и одредени институции располагаат со неофицијални информации дека Груби престојува покрај Јадранско Море, близу Драч. Поточно, според соговорниците на порталот во местото Хамалај каде што престојува во објект кој официјално не е во негова сопственост.

Откако се врати во земјава преку граничниот премин „Ќафасан“, Папранику беше повикан во полициска станица на разговор, каде што, покрај останатото, рекол дека не знаел дека Груби се бара од страна на институциите. Тој е недостапен за органите на прогонот од 15 декемеври. Судот му одреди притвор од 30 дена. За негово пронаоѓање е распишана и меѓународна потерница.

Официјално, Груби на 15  декември заминува од Македонија кон Косово преку граничниот премин „Блаце“, иако е ставен на „стоп-листа“ по наредба од јавен обвинител. Тој бил во друштво на бизнисменот и почесен конзул на Косово Арсим Папранику. Меѓу другото, Внатрешната контрола при МВР утврдила дека полицискиот службеник ги завел Груби и Папранику дека пешки ја минале границата, не го евидентирал возилото и не почекал системот да јави дали има активна мерка.

Полицаецот подоцна е суспендиран, а мерка има и за неговиот раководител.

Популарно