Министерот за внатрешни, Тошковски, е изненаден што Јавното обвинителство не побарало притвор за поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.
Информирале дека тој е недостапен, па како што вели и покрај сите укажувања, Ковачевски останал единствен меѓу осомничените за кој обвинителството не предложило најстрога мерка за обезбедување.
Тошковски најави проширување на истрагата за случајот Државна лотарија во кој осомничени се Артан Груби и Перпарим Бајрами, откако вчера обвинителството отвори истрага за фирма која лажирала фактури за набавка на телевизори за потребите на лотарија. Вели, има индиции кои укажуваат на повеќе кривични дела.
Во меѓувреме, останува непознато каде се наоѓа Груби. Активна е меѓународна потерница, со која се бара за криминал тежок над 8 милиони евра. Според МВР, Груби излегол на граничниот премин Блаце, а граничната полиција го пропуштила без проверка дали е можеби лице кое треба да биде задржано. Полицискиот службеник заработи кривична пријава.