МВР распиша меѓународна потерница по Васко Ковачевски

Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла. Според обвинителството, осомничениот не е достапен на органите на прогонот.

Истрагата за случајот „Адитив“ започна на 10 овој месец, а опфаќа 23 физички и четири правни лица. Се сомнева дека тие сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет, стопанството, службената должност и правниот сообраќај.

Васко Ковачевски е еден од осомничените во овој предмет, а потерницата е издадена откако тој не беше пронајден од страна на органите на истрагата.

Таткото и синот во Тетово прво се тепале, а потоа пензионерот го застрелал синот во глава

По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело “убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР за Прес 24.

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.

Д-р Јовчески за Сител: Состојбата на четиригодишното дете после сообраќајката е стабилна

По сообраќајната несреќа во која попладнето автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар, случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

Директорот на Клиниката за детска хирургија за Сител изјави дека детето нема животозагрижувачки повреди.

- Здравствената состојба на пациентот згрижен на Клиниката на детска хирургија е стабилна, направени се иницијални проценки кои што се уредни, меѓутоа поради начинот на кој настанале повредите, детето е задржано за опсервации, изјави д-р Лазо Јовчески.

Три безживотни тела се извлечени сосе возилото од Вардар: Се трага по четврто лице

Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено, соопштија надлежните од Центарот за управување со кризи за Прес 24.

Од него се извадени телата на три лица. Потрагата по можно четврто исчезнато лице продолжува, изјави директорот Стојанче Ангелов за Прес 24.

На скопските клиники се наоѓа и дете, кое е на опсервација, но нема тешки повреди.

Тигрите и нуркачите се се уште на терен. 

Популарно