Девојка загинала на скопска обиколница: Паднала од надвозникот и починала

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршиле увид на местото на настанот што се случил на скопската обиколница и во кое починато женско лице.

-Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот. Во тој момент, во ноќни услови на намалена видливост на патот, на неа налетал автомобил кој се движел по обиколницата. Возачот на автомобилот е алкотестиран веднаш по несреќата, при што не е утврдено дека управувал со возилото под дејство на алкохол, се наведува во соопштението од ЈОРСМ.

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатата, прибрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Се разговара и со очевидци на настанот, со цел да се испитаат сите околности, посочуваат од ЈОРСМ.

Фризурата не им се допаѓала на класната и на директорката па ученик плачејќи сам си ја скратил, утврдена дискриминација во Миравци

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дискриминација во Миравци, откако  ученик од основното училиште „Свети Климент Охридски“ сам си ја исекол косата плачејќи поради тоа што фризурата не им се допаднале на класната, педагогот и на директорката, пренесува СДК.мк.

Мајката на момчето за случајот ја известила Комисијата на почетокот на септември. Таа рекла дека претходно од училиштето добила порака дека нејзиниот син требало да дојде „среден“ во косата и навела дека тој немал долга коса.

На 1. септември таа го испратила синот со опавче, а истиот ден директорката на училиштете усно наредила на класната да го отстрани опавчето на детето и следниот ден детото да дојде со „средена“ фризура.

Детето не кажувајќи дома, а по разговор со мајката и со класната, плачејќи земало ножички и само си ја скротило косата над очите. Следниот ден ученикот заминал да ја поправи косата на фризер. Мајката вознемирана побарала разговор со директорката, која ја информирала дека училиштето имало кодекс на облекување.

Мајката била предупредена и од педагогот дека ако не ја средело фризурата, нејзино дете ќе добие укор што е мерка пред бркање од училиште, по што случајот го пријавила и пред Народниот правобранител.

27 годишна девојка паднала од зграда во Скопје и починала

Вчера попладне беше пронајдено безживотното тело на 27-годишната М.Ф. од Кратово на улицата Миле Поп Јорданов, каде што девојката престојувала во главниот град.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), случајот бил пријавен во полиција во 16:12 часот.

„Полициски службеници излегоа на местото на настанот и беше потврдено дека станува збор за пад од висина. Лицето беше пронајдено починато, што беше констатирано од екипата на Итната медицинска помош. По насоки од јавен обвинител, телото на починатата беше предадено за обдукција. Од полицијата додаваат дека во тек е истрага за расчистување на околностите поврзани со случајот“, информираа од МВР.

Мотивите за несреќата засега остануваат непознати, а дополнителни детали ќе бидат објавени по завршувањето на истрагата.

Божиќните празнувања во Бигорски почнуваат од утре

Божикните празнувања во Бигорскиот манастир почнуваат од утре наутро, со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска Обител, информираа од овој мнастир. Оттаму ги покануваат сите верници кои имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово да дојдат во манастирот.

- Утре во 7.30 часот ќе биде отслужена Божествена литургија во спомен на Светиот отец наш Наум Охридски, додека во 16 часот почнува вечерната богослужба. Во понеделник во 6.30 часот ќе биде отслужена утрена богослужба, еден час подоцна, царски часови за Рождество Христово, а во 9.30 часот, голема вечерна богослужба со Света Василиева литургија, информираа од Бигорскиот манастир.

Во предвечерието на големиот празник, од 18 до 19:30 часот, ќе има Бадникова закуска со пеење на божикни каланди.

- Во 21 часот почнува сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово, големо повечерие со литиски и стиховни, утрена и Божествена Василева литургија, со којашто ќе чиноначалствува владиката Партениј. На божикните празнични богослужби можат да присуствуваат сите коишто имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово во нашата свештена Обител, заедно со монашкото братство, нагласуваат од Бигорски. 

Популарно