Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“

Филмовите Бруталист (The Brutalist) и Емилија Перез (Emilia Pérez), како и серијата Шогун, доминираа на синоќешното доделување на наградите „Златен глобус“, со што почна и овогодишната сезона на награди.

Нискобуџетната епска драма The Brutalist, која ја раскажува приказната за архитект кој го преживеал холокаустот, освои три награди: најдобар филм во категоријата драма, награда за најдобар актер (Адријан Броди) и награда за најдобра режија (Брејди Корбет). На крајот од својот говор, Корбет му оддаде почит на режисерот Џеф Баена, кој почина оваа недела.

Броди, кој претходно го загуби „Златниот глобус“ за улогата во Пијанистот пред да освои Оскар, го опиша филмот како „приказна за човечката способност за создавање.“

Крими-мјузиклот на Нетфликс Емилија Перез, кој беше најмногу номиниран филм на вечерта, освои четири награди: за најдобар филм – мјузикл или комедија, најдобра споредна женска улога за Зои Салдана, оригинална песна и најдобар филм кој не е на англиски јазик.

Салдана ја победи својата колешка Селена Гомез и Аријана Гранде од Wicked за наградата за споредна улога.

Изненадување беше и наградата за најдобра актерка во драма, која ја освои бразилската ѕвезда Фернанда Торес за нејзината улога во драмата I’m Still Here, сместена во 70-тите години на минатиот век. Таа ги победи Никол Кидман, Анџелина Џоли и Кејт Винслет. Торес наградата ѝ ја посвети на својата мајка, актерката Фернанда Монтенегро, која пред 25 години беше номинирана за „Златен глобус“ за улогата во Central Station.

Деми Мур ја освои наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија за The Substance, победувајќи ги Синтија Ериво и Мајки Медисон. – Не го очекував ова, изјави Мур, додавајќи дека досега ништо не освоила. Таа сподели емотивна приказна за недостигот на самодоверба поради тоа што не била сфатена сериозно.

Себастијан Стен ја изгуби наградата за најдобар актер во драма, но го освои „Златниот глобус“ за најдобар актер во мјузикл или комедија за улогата во A Different Man.

Историската епска серија Шогун доминираше во категоријата ТВ драми, додека хит-серијата Baby Reindeer освои две награди.

Иако Wicked беше исклучен од главните категории, му беше доделена награда за кинематографски и бокс-офис достигнувања – категорија која беше воведена минатата година и првпат ја освои филмот Barbie.

Водителката на вечерта, Ники Глејсер, која оваа година беше номинирана за својот стенд-ап специјал, во својот воведен монолог вечерта ја нарече „најголемата вечер на Оземпик“.

Златните глобуси ги освоија:

Најдобар филм – мјузикл или комедија – „Емилија Перез“

Најдобра актерка во филм – мјузикл или комедија – Деми Мур („Супстанција“)

Најдобар актер во филм – мјузикл или комедија – Себастијан Стен („A Different Man“)

Најдобар филм – драма – „Бруталист“

Најдобар актер во филм – драма – Адриен Броди („Бруталист“)

Најдобра актерка во филм – драма – Фернанда Торес („Сè уште сум тука“)

Најдобра споредна женска улога во филм – Зои Салдања („Емилија Перез“)

Најдобра споредна машка улога во филм – Киеран Калкин („A Real Pain“)

Најдобар режисер – Брејди Корбет („Бруталист“)

Најдобар филм (неанглиски јазик) – „Емилија Перез“

Најдобар анимиран филм – „Flow“

Најдобро сценарио – „Конклава“

Најдобра оригинална песна – „Ел Мал“ („Емилија Перез“)

Достигнување на благајните – „Wicked“

Најдобра телевизиска серија – мјузикл или комедија – „Hacks“

Најдобра актерка во телевизиска серија – мјузикл или комедија Жан Смарт („Hacks“)

Најдобра телевизиска серија – драма – „Шогун“

Најдобар актер во телевизиска серија – драма – Хиројуки Санада („Шогун“)

Најдобра актерка во телевизиска серија – драма – Ана Саваи („Шогун“)

Најдобар актер во телевизиска серија – мјузикл или комедија – Џереми Ален Вајт („Мечката“)

Најдобра кратка серија, антологија или ТВ филм – „Baby Reindeer“

Најдобар актер во ограничена серија, антологиска серија или ТВ филм – Колин Фарел („The Penguin“)

Најдобра изведба на актерка во ограничена серија, антологија или ТВ филм – Џоди Фостер („True Detective: Night Country“)

Најдобра споредна женска улога во ТВ серија – Џесика Ганинг („Baby Reindeer“)

Најдобра споредна машка улога во ТВ серија – Таданобу Асано („Шогун“).

Дензел Вашингтон откри која улога му била најтешка: „Никогаш не би ја повторил“

Дензел Вашингтон се смета за еден од најбараните актери во Холивуд и добива понуди за продолженија на неговите филмови. Меѓутоа тој неодамна откри која улога никогаш не би сакал да ја повтори.

Вашингтон изјави дека една од најпредизвикувачките улоги во неговата кариера била улогата на поранешниот боксер Рубин „Hurricane“ Картер во биографската спортска драма „The Hurricane“.

Познато е дека Рубин Картер бил боксер во средна категорија кој во 1967 година бил неправедно осуден на доживотен затвор за убиство кое не го извршил. Тој со години тврдеше дека е невин, но сепак беше обвинет и помина 20 години во затвор. Многу познати луѓе како Мухамед Али, Боб Дилан се залагаа за негово ослободување.

По 20 години затвор, Картер беше ослободен и се пресели во Канада, а животот го посвети на активизам во организациите кои се залагаат за укинување на смртната казна и неправедно осудените затвореници.

Актерот Дензел Вашингтон изјави дека оваа улога на боксер му била исклучително напорна и дека одлучил дека никогаш повеќе нема да прифаќа такви улоги.

„Бев со Мајкл Спинкс, поранешниот шампион во полутешка категорија, подготвувајќи се за филмот „The Hurricane“. Поради мојата улога, морав многу да вежбам и со текот на времето станав побавен и добивав главоболки. Мајкл ми рече дека ќе се навикнам на тоа, но потоа престанав и решив дека не сакам да се навикнувам на такви работи“.

Во текот на подготовките за улогата, тој мораше да тренира како боксер, да јаде и да изгледа како боксер за да биде што е можно поубедлив во рингот. Улогата на Рубин Картер му донесе номинација за Оскар, но тој одлучи дека никогаш повеќе нема да глуми боксер.

Според „Far Out“, Вашингтон пред филмот рекреативно се занимавал со бокс, но се откажал од него по завршувањето на снимањето на овој филм.

ВИДЕО: Ова е убедливо најнавредливата ТВ серија на сите времиња

Повеќе од стотина илјади гледачи на различна годишна возраст учествуваа во истражувањето на Senior Living за тоа која телевизиска серија ја сметаат како најнавредлива.

Во истражувањето учествуваа припадниците на така наречените генерации "baby boomers", "X generations", "Millenials" и "Z generations". Се покажа дека најмногу ги навредува гледањето на сексуално насилство на ТВ, потоа шегите за лицата со инвалидитет, а потоа расистички шеги. Како најнавредена група на гледачи се покажаа "Baby Boomers", односно генерацијата родена помеѓу 1946 и 1964 година.

За најнавредливо ТВ шоу некогаш прикажано на телевизија е South Park со дури 30,7 %. На второто место се најде Family Guy со 10,5 %, а на трето место е Jerry Springer со7,1 %.

Во топ пет се најде и американскиот стиком All in the Family и хумористичната серија Married with Children.

Најнавредлив ТВ лик е Ерик Картман од South Park со 18,7 гласови, потоа Арчи Банкер од All in the Family so 14,5 %. Третото место го зазеде Питер Грифин од Family Guy, а четвртото место е за Розен од истоимената серија. Интересно е дека на шестото место се најде американскиот претседател Доналд Трамп.

Сите турски актерки се плашат од неа

Ѕвездите на турските серии се омилени во регионот, но малкумина го знаат приватниот живот кој го кријат.

Една од актерките кои се најпопуларни и прогласена за најубава жена е Туба, која ја гледавме како Аси во серијата на Сител.

Туба има бурен живот и сите актерки се плашат од неа, поради тоа што таа заведува зафатени мажи. Имено, таа го заведе сопругот на Ајшеѓул од Мојот син, по што актерката тргна да ги бара и направи сообраќајка.

Туба ја прекина и својата веридба и за време на снимањето на серијата која ја гледавме на Сител, се забавуваше со актерот, Онур од истата серија.

Во 2012 роди близнаци, ама двајцата се разделија.

Сега има ново момче.

Популарно