Симболот на 2025 година е бројот 9 – време е за нови почетоци

Кога ќе се соберат цифрите од 2025 година (2 + 0 + 2 + 5), се добива бројот 9 – резултат што во нумерологијата симболизира завршетоци, навестувајќи ја годината на интроспекција, крајот на старите циклуси и подготовка за нови почетоци.

Овој број носи силна симболика, потсетувајќи дека крајот на еден период често носи простор за нов почеток.

Нумеролозите велат дека до 2025 година светот би можел да влезе во фаза на отпуштање на старото и отворање кон иднината.

Во нумеролошките кругови, бројот девет се поврзува со хуманитарноста, универзалната љубов и мудроста. Симболиката на бројот 9 повикува на подлабоко разбирање за себе и за другите, за ослободување од грешките од минатото и за потрага по повисоко значење. За многу луѓе, 2025 година може да донесе можност конечно да се соочат со она што долго време ги спречуваше и да направат значителни промени.

Бројот 2025 носи со себе посебна нумеролошка енергија, додека бројот 9, симбол на комплетирање, неочекувани решенија и духовно исполнување, игра клучна улога во толкувањето на оваа година.

Нумеролошко значење на бројот 9

Бројот 9 претставува универзална љубов, хуманост и мудрост стекнати преку искуство. Се верува дека носи завршетоци кои не се крај, туку почеток на нешто повисоко и позначајно. Во нумеролошките циклуси, бројот 9 често укажува на потребата за простување, ослободување од старите товари и исполнување на кармичките задачи.

Во 2025 година, енергијата на овој број може да ги инспирира луѓето да завршат долгогодишни проекти, да ги решат несогласувањата и да ги ослободат емоционалните оптоварувања. Ова е идеално време да се постават темелите за идните успеси.

Духовна симболика на бројот 9 во 2025 годинa

Деветтата година е идеална за ослободување од лошите навики, токсичните врски и сè што ве кочи. Бројот 9 ја носи енергијата на давање. Фокусирајте се на помагање на другите.

Затворете ги поглавјата што ве оптоваруваат за да можете лесно да започнете нов циклус во животот.

Симболиката на бројот 9 може да се поврзе и со светските трендови. Многу општествени, еколошки и политички процеси би можеле да го достигнат својот врв. Големите хуманитарни проекти и заедничките напори за решавање на глобалните проблеми би можеле да добијат замав.

Поединците ширум светот, исто така, може сè повеќе да се свртат кон духовноста, барајќи одговори на прашањата за целта и суштината на животот.

Бројот 9 во нумерологијата ја носи силната енергија на Марс. Луѓето родени со овој број се енергични, активни и конкурентни. Нивната љубов кон спортот и динамичниот начин на живот е изразена, но често знаат да бидат импулсивни.

Колку вистина има во нумерологијата?

Нумерологијата е езотерична дисциплина која ја проучува симболиката на броевите и нивното влијание врз човечкиот живот, личност и судбина. Оваа практика се заснова на верувањето дека бројките не се само математички симболи, туку имаат подлабоко, духовно значење што може да открие скриени аспекти на нашата личност и да укаже на патот по кој треба да одиме.

Нумерологијата често користи едноцифрени броеви од 1 до 9, но и главните броеви 11, 22 и 33, на кои им се дава посебно значење.

Корените на нумерологијата се враќаат во античко време. Тоа е поврзано со филозофи како Питагора, кои верувале дека бројките се основа на сè во универзумот. Се користи и во многу култури, од кинеската традиција до кабалата во јудаизмот.

Иако нумерологијата нема научна основа и спаѓа во доменот на псевдонауката, многу луѓе ја користат како алатка за саморефлексија и одлучување. Психолозите ја објаснуваат привлечноста на нумерологијата преку ефектот Барнум – тенденцијата луѓето да се идентификуваат со општи описи кои звучат специфично.

Критичарите тврдат дека резултатите од нумерологијата не се сигурни, бидејќи се засноваат на субјективно толкување и не ја земаат предвид сложеноста на човековата природа. Сепак, за оние кои веруваат во нумерологија, таа им носи чувство на сигурност и им помага да ги разберат животните предизвици.

Нумерологијата може да биде интересна алатка, но не треба да се сфати како апсолутна вистина или замена за логично размислување и научни објаснувања.

Јордан Митев по три години повторно на голема турнеја во Австралија

Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт, Волонгонг…, практично Цела Австралија ќе ужива овој октомври во осумте спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда Јордан Митев. Сите што добро го познаваат темпераментот на македонскиот автор и музичар не се сомневаа во одличните концерти, но она што малкумина го претпоставуваа беше дека буквално преку ноќ, ќе снема билети… За експресно брзо време беа распродадени речиси сите концерти, пред почетокот на турнејата се очекува да бидe комплетно распродадена цела турнеја…

Ако денот по утрото се познава, по повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл – Концерт на Јордан Митев во Македонија ќе биде шлаг на музичката торта.

Концертот ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите.

За да не биде како во Австралија, да се бара билет повеќе, картите се веќе пуштени во продажба преку платформата e–ticket, достапни на следниов линк. Онлајн билетите можат да се купат за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит..

Ќе бидат ова убава музичка есен и зима за нашиот Јордан Митев, а уште поубава за неговата најверна публика, било да е таа е во Австралија или во родната Македонија.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Пуштени во продажба билетите за големиот концерт на Јордан Митев

По повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл - Концерт на Јордан Митев полека но сигурно станува јаве. Деновиве веќе се пуштени и првите он лајн билети преку платформата e – ticket, достапни на следниов линк.

Концертот како што веќе најави Митев ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите...

Он лајн билетите можат да се купат се за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит.. Со почеток на билетите за најверните фанови започнува и кампањата за самиот концертен спектакл за кој Јордан Митев се подготвува во текот на целата година...

Популарно