Писмо што една скопјанка им го испрати на охриѓани!

Здраво јас сум Бојана А. Имам 32 години и живам у Скопје. Со задоволство секогаш е читам вашата страница, и секогаш знаете да ме насмеете со вашите статии и слики.

pismo234
Има многу статии на вашата страница околу цените у Охрид. Еве сега јас реално ќе ви кажам што мислам лично јас.

До пред една година секогаш идев у Охрид на одмор. Не идев у Грчка, не идев надвор од Македонија, у Охрид супер ми беше. Но лани се ,се смена, бевме у приватен смештај во близина на Охридската чаршија. Апартманчето беше топ, газдите пријатни луѓе, одморот беше перфект. Но цените беа динга кренати. 10 Евра на чоек за едно ноќевање, јас и мужми сме двајца што значи 20 евра за двајцата на ден. Бевме 10 дена у Охрид, значи вкупно 200 евра. Јадење и пиење посебно, секој ден јадевме у разни ресторанчиња и по разни плажи, па плативме вкупно 150 евра за хранате, ама рака на срце, супер храна беше. Патарина и нафта некаде 100 евра не фатија, значи за 10 дена Охрид плативме вкупно 450 евра! Алоооо Охрид, не сте на море да плаќам толку скапо.

Ова година мужми рече дека идеме у Грчка. Читал на интернет разни негативни коментари за Охрид и за цените па рече “идеме у Грчка, што мислат они во Охрид„

Па е спакувавме колата и тргнавне право за Катерини. На граница ни залепиле една лепенка, нешто као ФИРОМ, ама не ми е битно, лепенка е, можеме да го тргнеме. После границата имаше група мужи со црни мајци и златни зори, фрлаа јајца по нашата кола и ни пеа песни, мужми рече дека тоа го прават на секој странец при влез у Грчка, за добредојде и за среќа.

Стигнавне у Катерини, па си го наместивме шаторот у кампингот и одма си легнавме. Вкупно 10 дена бевме у Грчка. Супер одмор драги Охриѓани, морето одма тука до нас, солена вода, абе убајна! Храна и сокчиња за разтворење си зедовме од дома, секој ден пиперки и месо печев тука и никој ништо не ми рече! У Охрид одма би се закачиле зашто правам скара.

Многу драги љуѓе овие Грци, со песни не пречекале на граница, јајца фрлаа за среќа и све е дозволено у Грчка! Добро има мала забелешка, табличките ни ги украдија, на колата ни напишале “Gypsy” и ни ставиле шеќер у резервоарот. Му велам на мужми дека изгледа ни е згрешиле колата, не сме ние ѓупци, Скопјани сме. Комшите до нас биле од Струмица па мислам за нивната кола беше тој текстот, ама кутри Грци на нашата кола напишале.

Поминавме топ одморче на море, вкупно не фати 400 евра, хахаха гледате Охриѓани, 50 евра поефтино не фати у Грчка! Па дури и два пати одлучивме да купиме Гиро за вечера. Баш се осеќав као дома у Катерини. Секој ден пиперки, лебче, зденка, вегета, јајца, саламче абе убајна! За шлеп служба плативме уште 300 евра, ама не ги бројам тие пари, па у Охрид исто можеле да ни стаат шеќер у резервоарот! Купивме и нова кола од 3500 евра, ама секако старата не е сакав више.

Така е драги Охриѓани, јас не идам више у Охрид, одсега идеме само у Грчка. Поефтино е и наморе си, две во едно.

Во прилог ви пуштив некое сличе од одморот.

Поздрав од Скопје, Бојана.

Извор: Охриѓани.мк

ИГОР ЏАМБАЗОВ ДОМАЌИН НА БОЕМИТЕ. МАКЕДОНСКИОТ ШОУМЕН ВО ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКАТА МУЗУКА

Најголемиот македонски шоумен, актер, музичар и уметник Игор Џамбазов им се приклучува со поддршка на нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски кои најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Најголемиот боем - помеѓу боемите, ќе биде домаќин и промотор на Македонската Кафеанска вечер. Со специјално сценарио, Џамбазов концертот на 25 декември со почеток во 20.00 часот ќе ја предводи големата боемска ноќ во СЦ Јане Сандански.

Традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, во кој ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција и враќањето на големите градски боеми...

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика. За музиката во живо ќе се погрижи најдобриот македонски музички состав Дрим Тим!

Билетите се пуштени во продажба од среда 28.10 преку платформата www.wayin.mk, промотивно по цена од 650 денари.. Едно е јасно, Скопје пред Нова Година ќе гори од убава атмосфера и убави луѓе. Градски, боемски, по наше... Маестро Џамбазов заедно со најдобрите македонски музички имиња...

МАКЕДОНСКИOT КРЕМ – ДЕ ЛА КРЕМ НА КОНЦЕРТЕН ПРЕДНОВОГОДИШЕН СПЕКТАКЛ СО ЕДЕН НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ...

Нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Тие од оваа година, па секоја наредна започнуваат традиција која ќе се памети.

Серија концерти кои ќе бидат предновогодишна традиција за сите љубители на добрата македонска песна. Концертот е закажан за 25 декември со почеток во 20.00 часот во специјално подготвен амбиент во СЦ Јане Сандански.

- Време е за нешто поинакво... Време е македонската музика да ја ставиме во прв план! На 25 декември во Јане Сандански нема да се случи обичен концерт, ќе се случи вечер за паметење, каде што ние изведувачите, придружувани од голем оркестар ќе бидеме едно со нашата публика.

Ќе приредиме традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција. Време е да ги вратиме градските боеми – вели Наум Петрески во најава за самиот настан.

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика.

- Огромна е возбудата. Се радувам што по многубројните концертни турнеи низ светот, јас и моите колеги конечно ќе се сретнеме со македонската публика, дома. Возбудата е уште поголема затоа што ова не е класичен концерт, туку боемска ноќ каква што Македонија и македонската музика заслужуваат – вели Сузана Гавазова

На 25 декември почнува новото поглавје на македонската музика. Со специјално креирано сценарио, технички можности и оркестар во живо, но и со ексклузивни гости кои ќе бидат дел од Македонската Кафеанска Вечер, салата на Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде сведок на нова традиција која организаторите посакуваат да трае со години.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба преку платформата www.wayin.mk, а многу наскоро се очекуваат и повеќе детали за настанот.

Јордан Митев по три години повторно на голема турнеја во Австралија

Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт, Волонгонг…, практично Цела Австралија ќе ужива овој октомври во осумте спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда Јордан Митев. Сите што добро го познаваат темпераментот на македонскиот автор и музичар не се сомневаа во одличните концерти, но она што малкумина го претпоставуваа беше дека буквално преку ноќ, ќе снема билети… За експресно брзо време беа распродадени речиси сите концерти, пред почетокот на турнејата се очекува да бидe комплетно распродадена цела турнеја…

Ако денот по утрото се познава, по повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл – Концерт на Јордан Митев во Македонија ќе биде шлаг на музичката торта.

Концертот ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите.

За да не биде како во Австралија, да се бара билет повеќе, картите се веќе пуштени во продажба преку платформата e–ticket, достапни на следниов линк. Онлајн билетите можат да се купат за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит..

Ќе бидат ова убава музичка есен и зима за нашиот Јордан Митев, а уште поубава за неговата најверна публика, било да е таа е во Австралија или во родната Македонија.

Популарно