25 занимливости за светот кои сигурно ќе ве насмеат !!!

Дали знаете кој бил прв главен град на Русија, колку држави во Европа имаат само една граница, зошто во Того мора да се жените ако и доделите комплимент на дама и зошто во канадскиот Глендон луѓето се воодушевуваат на џиновска кнедла!

Прочитајте 25 занимливости, а можеби ќе ви затреба во некој квиз, никогаш не се знае!

1. Тонга е единствена монархија на Пацификот

2. Транссибирската железница поминува преку 3901 мост

3. Филипинскиот архипелаг се состои од 7071 остров

4. Зборот Аллаху Акбар на Иранското знаме се повторува 22 пати

5. Седумте најголеми држави во светот – Русија, Канада, Кина, САД, Австралија, Бразил и Аргентина, заземаат половина од светската територија

6. Само шест држави во Европа се граничат само со една држава – Португалија, Ирска, Сан Марино, Данска, Ватикан и Монако.

7. Ерупцијата на вулканот Парикутин во Мексико траела дури девет години. За тоа време вулканот пораснал на височина од 2774 метри.

8. На централниот плоштад во канадскиот град Глендон стои неговиот симбол – кнедла висока 9 метри и тешка 2700 килограми.

9. Лондонската верзија на Вол Стрит се вика Ломбард Стрит.

10. Во државата Того, ако маж и додели комплимент на жена, мора и да ја ожени.

11. Петте квартови на градот Њујорк се: Бронкс, Бруклин, Квинс, Статен Ајленд и Менхетен.

12. Најголемата пустина во Европа е сместена меѓу реките Волга и Урал.

13. Јапонија има над 3900 острови.

14. Делтата на реката Ганг е најголема делта од сите реки на светот.

15. Во САД постојат три града Перу и девет града Париз.

16. Помалку од еден отсто од Карипските острови се населени.

17. Од 25 највисоки врвови на светот, 19 се наоѓаат на Хималаите.

18. Најстуден главен град на светот е Улан Батор во Монголија.

19. Дури 336 реки се влеваат во Бајкалското Езеро.

20. Последната ерупција на вулканот Фиџи во Јапонија била во дамнешната 1707 година.

21. Најголеми пристаништа на светот се: Ротердам, Сингапур, Кобе, Њујорк и Њу Орлеанс.

22. Науру е единствена држава на светот каде нема официјален главен град.

23. Куба е единствен остров во Карибите кој има железница.

24. Првиот главен град на Русија бил Ладога.

25. Во Јапонија постојат дури 17 активни вулкани.

ИГОР ЏАМБАЗОВ ДОМАЌИН НА БОЕМИТЕ. МАКЕДОНСКИОТ ШОУМЕН ВО ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКАТА МУЗУКА

Најголемиот македонски шоумен, актер, музичар и уметник Игор Џамбазов им се приклучува со поддршка на нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски кои најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Најголемиот боем - помеѓу боемите, ќе биде домаќин и промотор на Македонската Кафеанска вечер. Со специјално сценарио, Џамбазов концертот на 25 декември со почеток во 20.00 часот ќе ја предводи големата боемска ноќ во СЦ Јане Сандански.

Традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, во кој ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција и враќањето на големите градски боеми...

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика. За музиката во живо ќе се погрижи најдобриот македонски музички состав Дрим Тим!

Билетите се пуштени во продажба од среда 28.10 преку платформата www.wayin.mk, промотивно по цена од 650 денари.. Едно е јасно, Скопје пред Нова Година ќе гори од убава атмосфера и убави луѓе. Градски, боемски, по наше... Маестро Џамбазов заедно со најдобрите македонски музички имиња...

МАКЕДОНСКИOT КРЕМ – ДЕ ЛА КРЕМ НА КОНЦЕРТЕН ПРЕДНОВОГОДИШЕН СПЕКТАКЛ СО ЕДЕН НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ...

Нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Тие од оваа година, па секоја наредна започнуваат традиција која ќе се памети.

Серија концерти кои ќе бидат предновогодишна традиција за сите љубители на добрата македонска песна. Концертот е закажан за 25 декември со почеток во 20.00 часот во специјално подготвен амбиент во СЦ Јане Сандански.

- Време е за нешто поинакво... Време е македонската музика да ја ставиме во прв план! На 25 декември во Јане Сандански нема да се случи обичен концерт, ќе се случи вечер за паметење, каде што ние изведувачите, придружувани од голем оркестар ќе бидеме едно со нашата публика.

Ќе приредиме традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција. Време е да ги вратиме градските боеми – вели Наум Петрески во најава за самиот настан.

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика.

- Огромна е возбудата. Се радувам што по многубројните концертни турнеи низ светот, јас и моите колеги конечно ќе се сретнеме со македонската публика, дома. Возбудата е уште поголема затоа што ова не е класичен концерт, туку боемска ноќ каква што Македонија и македонската музика заслужуваат – вели Сузана Гавазова

На 25 декември почнува новото поглавје на македонската музика. Со специјално креирано сценарио, технички можности и оркестар во живо, но и со ексклузивни гости кои ќе бидат дел од Македонската Кафеанска Вечер, салата на Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде сведок на нова традиција која организаторите посакуваат да трае со години.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба преку платформата www.wayin.mk, а многу наскоро се очекуваат и повеќе детали за настанот.

Јордан Митев по три години повторно на голема турнеја во Австралија

Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт, Волонгонг…, практично Цела Австралија ќе ужива овој октомври во осумте спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда Јордан Митев. Сите што добро го познаваат темпераментот на македонскиот автор и музичар не се сомневаа во одличните концерти, но она што малкумина го претпоставуваа беше дека буквално преку ноќ, ќе снема билети… За експресно брзо време беа распродадени речиси сите концерти, пред почетокот на турнејата се очекува да бидe комплетно распродадена цела турнеја…

Ако денот по утрото се познава, по повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл – Концерт на Јордан Митев во Македонија ќе биде шлаг на музичката торта.

Концертот ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите.

За да не биде како во Австралија, да се бара билет повеќе, картите се веќе пуштени во продажба преку платформата e–ticket, достапни на следниов линк. Онлајн билетите можат да се купат за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит..

Ќе бидат ова убава музичка есен и зима за нашиот Јордан Митев, а уште поубава за неговата најверна публика, било да е таа е во Австралија или во родната Македонија.

Популарно