Долгоочекуваниот календар кој веќе традиционално го претставува компанијата Пелистерка и во кој секогаш имаме можност да ги видиме македонските убавици во заводливи пози конечно пристигна.
Годинава, можеби во најпровокативни кадри од кога било досега, ги гледаме водителката Маријана Станојковска и пејачките Аделина Тахири и Тамара Тодевска.
Фотографиите за календарот на Пелистерка за 2015 се снимени во базата на компанијата Пелистерка, во Битола, а девојките се разголија во најгрубите фабрички погони.
Компанијата ги насочува планираните финансиски средства од предновогодишната промоција, за набавување на медицински апарати за клиниките во Скопје, Тетово и Битола, а вкупната донација во вредност од околуб 1 милион денари во Битола и Тетово ќе биде доставена како пред Божиќен подарок од самите Маријана, Аделина и Тамара.