Сескот веќе не е само физичка активост, сексот е цела наука. Па во истата се вмешаа и нутреционистите со совети за поголемо ужување.
1. Зачините поттикнуваат слабеење
Билките и зачините се важен дел од исхраната за младост и витка линија. Во себе имаат антиоксиданси, минерали и мултивитамини, без ниту една додатна калорија.
Меѓу посебно посакуваните зачини се босилекот, коријандерот, циметот, куминот и карито.
2. Јогуртот полесно возбудува
Задолжително секој ден пијте по една чаша јогурт.
Јогуртот е богат со калциум и белковини, за кои се знае дека заедно го забрзуваат метаболизмот и го подобруваат варењето. Јогуртот помага на имунолошкиот систем, ги намалува воспаленијата и го намалува „лошиот“ холестерол.
Помага и во топењето на маснотии и во слабеењето.
3. Врамнотежена исхрана, среќен живот
Намирниците кои не’ мамат се и оние кои носат најмногу последици, кои создаваат привидно позитивен краткотраен учинок (зголемена енергија), а всушност предизвикуваат нутритивна катастрофа. Тука припаѓаат шеќерот, солта и брашното.
Јадењето на храна богата со хранливи материи, а не со калории, е клучот до квалитетно слабеење.
4. Пијте што повеќе вода за одржување на влажноста
Водата ги испира сите органи.
Ако пиете три до четири литри вода, нема да имате ниту време ниту потреба да пиете калорични пијалаци, и ќе имате хидратизирана кожа и органи.
5. Имајте цело виножито во чинијата
Овошјето и зеленчукот се намирници со најмногу предности за здравјето. Боите на овошјето и зеленчукот се преполни со фитонутриенти, билни споеви кои помагаат во зачувувањето на здравјето.
6. Јадете квалитетни намирници
Кога купувате свежо овошје и зеленчук, бирајте домашни произведувачи, по можност органски одгледувани.
Јадете ги најквалитетните можни намирници кои можете да си ги дозволите, бидејќи така ќе направите чуда за своето здравје, линијата, а со самото тоа и за сексуалниот живот.