Хрватите тврдат: Путин не бил во Белград, бил неговиот двојник Јуриј – еве како изгледа!

Доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин во Белград и грандиозната воена парада во главниот град на Србија, се чини дека никого не остави рамнодушен во целиот регион, но и пошироко.

real-v-fake

Изгледа дека посетата на Владимир Путин, во главниот град на Србија, Белград, најмногу ги интригираше нивните соседи, Хрватите, пишува Правда.

Тие во некои нивни медиуми пренесоа “сензационална вест” која вели дека во Белград на парадата не присуствувал Путин, туку неговиот двојник!

Поединечни портали и форуми во изминативе денови исто така ја пренесоа “сензационалната вест” дека во Белград присуствувал двојникот на Путин, кој се вика Јуриј и кој фрапантно многу наликува на рускиот претседател и кој по потреба го менува во некои “помалку важни државни обврски”.

Така, според Хрватите, Владимир Путин уште во четвртокот, на 16-ти октомври, бил на пат за Милано, додека Јуриј присуствувал на парадата во Белград.

Косово: Награда од 20 илјади евра за тој што ќе помогне во откривањето на тројниот убиец кај Дечане

Владата на Косово понуди награда од 20 илјади за оној што ќе помогне во откривањето на сторителот или сторителите на тројното убиство, што се случи во петокот, на 26 ноември, кај селото Глоѓан, во близина на градот Дечане во западно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Наградата за тој што ќе помогне да се расветли тешкото злосторство, во кое загинаа двајца матуранти и возачот на автобус со средношколци, се распиша денеска, откако надлежните истражни органи потврдија дека се уште немаат конкретни информации кои би воделе кон откривање на виновникот, или виновниците и на мотивите за злосторството.

Веднаш по инцидентот, полицијата распиша потерница по непознат сторител, а засега ја исклучува можноста дека се работи за терористички напад.

– Како премиер, заедно со МВР и Полицијата на Косово, апелираме кај граѓаните кои може да имаат некакви сознанија за случајот да ѝ помогнат на полицијата со информации за откривањето на авторот/авторите на овој чин и за тоа нудиме награда од 20.000 евра за секоја граѓанин кој може да даде информација што ќе води кон расветлуваање или решавање на овој случај, се вели во соопштението од кабинетот на косовкиот премиер Албин Курти.

Две деца, на возраст од 17 и 18 години, како и возачот на автобусот кој превезувал ученици, се убиени во петокот вечерта во вооружен напад кај селото Глоѓан, во близина на Дечане.

Официјални извори од косовската полиција, изјавија за медиумите дека, според првичните информации, засега непознато лице отворило оган од автоматско оружје врз автобусот, при што на лице место загинал возачот, а двете деца починале во болницата во Пеќ, каде што биле пренесени. Уште едно лице е рането и, откако му е пружена лекарска помош, се наоѓа надвор од животна опасност.

Одмазда е мотивот за трагедијата во Косово, закачал девојки па го исфрлиле од автобусот

Одмазда е мотивот за трагедијата што се случи синоќа кај Глоѓане на Косово во која загинаа најмалку три лица, јавува српски Курир.

Пукањето кон автобусот со ученици се случило, откако возачот и кондуктерот го исфрлиле еден од патниците бидејќи ги малтретирал девојките. Потоа момчето земало калашников и го чекал автобусот по што пукал.

Инаку, Две деца, на возраст од 17 и 18 години, како и возачот на автобусот кој превезувал ученици, се убиени синоќа во оружен напад кај селото Глоѓан, во близина на градот Дечани во западно Косово.

Во Хрватска од денеска задолжителни Ковид-потврди за вработените во јавните и државните установи

Сертификатите за Ковид кои докажуваат дека некој е вакциниран, дека прележал од Ковид-19 или е негативен од денеска стануваат задолжителни во Хрватска за влез во јавни и државни институции.

Дигиталниот сертификат на ЕУ ќе треба да го презентираат сите вработени во јавниот и државниот сектор, како и оние во локалните власти, а за оние кои не биле вакцинирани или прележале Ковид, се воведува мерка задолжително тестирање за коронавирус.

Сертификациите за Ковид се воведуваат и во училиштата, но само за вработените.

Потврдите не се однесуваат на студенти во просториите на високообразовните установи, освен ако високообразовната установа не одлучи поинаку, ученици во училиштата и образовните установи, на возраст под 16 години. Вработените кои не прележале од Ковид или не биле вакцинирани ќе мора да се тестираат двапати неделно, така што се отворени повеќе од 6.500 места за тестирање, вклучително и во канцелариите за примарната здравствена заштита и аптеките. Одлуката за воведување задолжителни потврди за коронавирус за влез во јавните и државните институции е донесена во екот на четвртиот бран на пандемијата и нема ограничен рок, а издадена е и препорака до приватните работодавачи да спроведат слични мерки.

Воведувањето на задолжителните потврди беше закажано за вчера, но беше одложено за еден ден за во вторник сите заинтересирани да бидат тестирани и да имаат потврди за Ковид.

Новата мерка во борбата против пандемијата на коронавирус беше критикувана од опозицијата која ја оцени како поделба на граѓани од прв и втор ред.

Популарно