Аналниот секс е нешто на што жените се согласуваат само за да го задоволат партнерот? Лага. Всушност, многу жени уживаат во аналниот секс. Анусот е исто така осетлив и ако се стимулира на правилен начин, тоа може да доведе до експлозивен оргазам.
Многу жени практикуваат анален секс чисто од задоволство, а не со цел да го задоволат или да му угодат на партнерот. Проблемот е во тоа што, многу мажи не знаат како да го направат овој секс сигурен и опуштен за партнерката да ужива во него.
Ако не ја возбудите и ако не користите доволно лубриканти тогаш таа сигурно нема да ужива во аналниот секс. Всушност, спротивно на тоа, тоа ќе и биде само болно искуство. Еве како и таа може да ужива во аналниот секс.
Лубрикантот е задолжителен
Жените не го сакаат овој секс затоа што им предизвикува болка. Една од причините е токму некористењето на доволно или воопшто лубриканти средства. Анусот е мошне чувствителна зона, а исто така кај некои жени кожата на анусот е посува. Затоа треба да се нанесе лубрикант на анусот, а најдобар за таа зона е оној кој е базиран на вода.
За почеток нешто помало од пенис
Ако жената не практикува анален секс, а би сакала, морате да знаете дека пенисот може да им претставува проблем токму поради неговата големина. Дури и со лубрикант пенисот може да и предизвика болка. Стручните лица советуваат за почеток да започнете со нешто помало од пенис. Тоа може да биде прст, или секс играчка. Денес барем тоа не претставува проблем.
Охрабрувањето добро би дошло
Жените сакаат кога нивните партнери уживаат и кога знаат дека тие предизвикуваат такво уживање. Исто така, тоа задоволство сака да го чуе. Дајте и до знаење колку вие уживате со неа, а слободно можете да ја охрабрите додека ја возбудувате со прст или играчката за секс. Кажете и дека има тоа што има згоден задник многу ве возбудува.
Погрижете се за тоа да биде доволно возбудена
Ако жената не е возбудена, нема да ужива во аналниот секс и точка. Нема да биде доволно опуштена, а мажот нема да може да пенетрира. Погрижете се за – орален секс, стимулација на клиторис… имате повеќе можности, а и сами си ја познавате партнерката и знаете што таа сака.