Постојат многу описи за мирисот на вагината: дека мириса на пиле, риба, итн. Но, ништо од тоа не е точно. Ако сакате да знаете каков вкус имате, лизнете се под пазувите и ќе дознаете, велат сексолозите.
Влажноста, солената пот и благиот метален вкус се одлика на пазувите, па дури и изгледаат слично како вагината кога се неизбричани. Вистина е дека секоја жена мириса поинаку, а нејзиниот мирис се разликува од ден до ден. Се зависи од хормоналниот баланс и телесната хемија.
Меѓутоа, не можете да ја потцените ниту старата, добра хигиена. Ако жената убаво се истушира пред оралниот секс, веројатно ќе има и убава арома. Мора добро да се измиете долу за да ги избегнете остатоците од сапунот. Исто така, избегнувајте ги и купките за интимно миење бидејќи тие главно не се добри и не го одржуваат на правилен начин пх балансот на вагината.
Мора да водите посебна сметка за регијата околу клиторисот, препорачуваат сексолозите. Жените кои редовно се бричат или депилираат ќе мирисаат поубаво од оние кои „одгледуваат“ жбун на вагината.
Но, голема улога игра и вашата исхрана. Нутриционистите велат дека кромидот и лукот создаваат горчлив вкус на вагината, додека ананасот дава сладок. Би требало малку да експериментирате со исхраната и на тој начин да видите што функционира во вашиот случај. Елиминирајте ги млечните производи, карфиолот, брокулата, кромидот и лукот. Најголем мит е дека консумирањето магдонос пред оралниот секс и дава посладок вкус на вагината.
Стручњаците се сложуваат дека вегетаријанките имаат најубав вкус на вагината бидејќи продуктите коишто ги консумираат се сиромашни со масти.
Месото, алкохолот и цигарите се непријатели на мирисот на вагината, односно ја прават горчлива, а ниту чоколадата не и годи.
Постои и еден трик – не почнувајте со орален секс додека вашиот партнер не биде потполно возбуден бидејќи тогаш му отапуваат сетилата, така што ниту ќе чувствува ниту ќе му биде важно како мирисате.
Меѓутоа, мажите не размислуваат толку за вашиот мирис. Тие ќе бидат среќни доколку ги пуштите да ја посетат вашата женскост.
Ако навистина му се допаѓате, тој ќе се чувствува привилегиран да ве задоволи и за него ќе имате најубав вкус на светот.