Климатските промени се реални. И да, делумно сме ние виновни за тоа. Помеѓу научните експерти постои 97 проценти консензус дека луѓето го предизвикуваат глобалното загревање. Девеесетиседум проценти!
Сепак некои многу гласни Американци продолжуваат да дебатираат за тоа што е со сигурност факт. Прашањето е: зошто?
Се разбира, довербата има голема улога.
Според Гордон Гошат, вонреден професор по социологија од Универзитетот во Висконсин, само 42 проценти од возрасните во САД имаат голема доза на доверба во научната заедница.
Лесно е да се разбере зошто. Повеќето Американци не знаат ниту име на некој жив научник. Се сомневам дека за мнозина Американци најблиску да знаат за некој жив научник е измислениот др. Шелдон Купер од ситкомот на Си-Би-Ес „Теоријата за Големиот прасок“ (The Big Bang Theory). Шелдон е брилијантен, надмен и нарцисоиден. Чија доверба тој инспирира?
Но довербата не е единственот фактор зошто многу Американци се сомневаат во климатските промени. Го прашав Ентони Леисеровиц, директор на Проектот за комуникација за климатските промени на Јејл. Неговата екипа го истражува прашањето „зошто“ повеќе од една деценија.
- Откривме дека постојат шест многу специфични категории кои одговараат на овој проблем на различен начин, рече тој.
Тој ги нарекува овие категории „Шестте Америки на глобалното загревање“
Првата група, „Алармираната“, е составена од 16 проценти јавност. Тие веруваат дека климатските промени се итен проблем, но немаат баш никаква идеја како да се среди тоа.
Втората група е „Загрижени“ (27 проценти). Тие веруваат дека климатските промени се проблем, но мислат дека тоа се однесува повеќе на поларните мечки и на малите острови отколку проблем кој директно влијае врз нив.
Третата група, „Претпазливи“ (23 проценти), се луѓе на дистанца. Тие не се решиле дали глобалното загревање е реално или е проблем создаден од човекот.
Четвртата група, „Исклучени“ (пет проценти) не знаат ништо за климатските промени.
Петтата група „Сомнежливи“ (12 проценти) не сметаат дека климатските промени се предизвикани од човекот. Тие сметаат дека е тоа природен процес и претставува долгорочен ризик.
Леисеровиц вели дека шестата група „Негаторите“ се најпроблематични, иако тие сочинуваат само 15 проценти од јавноста.
- Тие велат дека е сето ова измислено, научниците ги креираат овие податоци, дека е тоа конспирација на ОН, или дека Ал Гор и неговите пријатели сакаат да се збогатат“. Леисеровиц продолжува, „Тоа се навистина гласни 15 проценти... добро организирани 15 проценти“.
И благодарение на медиумите и на политичката сцена, гласното малцинство е моќно.
Поранешниот претседателски канидидат Рик Санторум, на Глен Бек од Фокс њуз во 2011 и рече: „Не постои нешто такво како глобално загревање“. Санторум продолжи, и на Раш Лимбау и рече: „Тоа е само изговор за поголема владина контрола врз вашиот живот, и никогаш не сум застапувал никаква шема и не сум прифатил никаква улична наука зад сета оваа приказна“.
А минатата недела, омилениот во Партијата на чајанката, Тед Круз, на Дана Баш од Си-Ен-Ен и рече: „Климатските промени, онакви како што ги дефинираат, никогаш не можат да се докажат, затоа што без разлика дали е потопло или постудено, што и да се случи, тие велат, па добро, се менува, и тоа е доказ за нашата теорија“.
Во меѓувреме, „контра движењето“ на климатските промени беше потпомогнато со голема инфузија на кеш, помеѓу другите, и од моќната индустрија на фосилни горива. Во една неодамнешна студија од Универзитетот Дрексел, се открива дека конзервативните фондации и други, помеѓу 2003 и 2010 година го потпомогнале негирањето за климатските промени со средства во висина од 558 милиони долари.
- Парите засилуваат извесните гласови над другите, и во афекти им подава мегафон на јавни плоштади. Моќните финансиери ја поддржуваат кампањата за негирање на научните откритија околу глобалното загревање, и го подигнуваат сомнежот меѓу јавноста во врска со корените и последиците од оваа масивна глобална закана, напиша научникот за животна околина Роберт Бруле, авторот на студијата.
Добрбите вести се дека овие униформирани малцински гласноговорници замолчуваат пред природата, но и од оние кои имаат посилни гласови од нив.
Екстремното време ги тера луѓето барем да размислат околу тоа како глобалното затоплување директно влијае врз нивните животи. И, што е можеби уште поважно, многу религиозни лидери, меѓу кои има и евангелисти, се сега „зелени“. Тие се приклучуваат на научната заедница и одат чекор понапред. Тие велат дека имаме морална обврска да ја спасиме платената.
Дури и огромно популарниот Папа Франциско, може наскоро за прозбори за глобалното затоплување. Од прес-службата на Ватикан велат дека Франциско работи на драфт текст за екологија. Тој текст може да се претвори во енцикличен, или во писмо до бискупите низ светот, со инструкции дека „верниците мораат да ја почитуваат животната средина“.