МВР откри што се случувало во Дамар

wpid-17583golema-1728x800_c

Синоќа околу 22,00 часот во Скопје во Старата чаршија, поточно во Угостителскиот објект„Дамар“ од страна на неколку непознати лица извршено е насилство, при што со фрлање на камења, биле искршени стаклата на објектот. Во настанот, со телесни повреди се здобиле К.Д.(26) и Е.Л.(18). Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Земјотрес ја стресе и Македонија

Денес во 16 часот и 04 минути, регистриран е земјотрес чиј епицентар се наоѓал во Република Албанија, 140 километри југозападно од Скопје, соопштија од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според нив, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML 3.6, а бил почувствуван од населението во Македонија, особено во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

-Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во Албанија. Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека епицентарот на земјотресот бил на 21 километар североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри, објавија албанските медиуми.


 

Денес се регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи

на КОВИД-19: 

• Скопје – 309

• Куманово – 44

• Прилеп и Велес – по 20

• Тетово, Битола и Кавадарци – по 17

• Кочани – 16

• Кичево – 11

• Охрид – 10

• Крива Паланка – 9

• Гевгелија и Ресен – по 6

• Струмица и Штип – по 5

• Неготино, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 4

• Гостивар, Струга, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 3

• Дебар, Берово, Делчево и Пробиштип – по 2

• Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1

Пријавени се 17 починати лица: 10 починати лица од Скопје (93г, 82г, 73г, 71г, 62г, 44г, 40г, 36г, 34г и 33г), 2 починати лица од Прилеп (75г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (85г), Струмица (74г), Кичево (76г), Кочани (63г) и Демир Хисар (59г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 891 оздравени пациенти од: 

• Скопје – 360

• Охрид – 132

• Струга – 105

• Куманово и Струмица – по 42

• Тетово – 26

• Велес – 20

• Гостивар – 19

• Прилеп и Штип – по 18

• Битола и Кичево – по 16

• Кавадарци – 9

• Кочани, Радовиш, Дебар и Берово – по 8

• Гевгелија и Ресен – по 6

• Свети Николе и Кратово – по 5

• Виница и Пробиштип – по 3

• Крива Паланка, Валандово и Дојран – по 2

• Делчево и Македонска Каменица – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.258.133 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433

Со отворање на ретроспективна изложба и предавање донација од над 4 милиони денари на Клиниката за детски болести одбележан 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“

Првиот филм за „Алкалоид“ од 1950 година, најстарото кутиче и оригиналното одобрение за производство на лекот „кафетин“; првите пакувања „бекутан“, најстарите индустриски машини и голем број други компаниски експонати се поставени во изложбената поставка во Музејот на Град Скопје по повод 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“.

„Јубилеите вообичаено ги одбележувавме во поширок состав, бидејќи ‘Алкалоид’ е компанија за сите! Приликите за овој јубилеј ни наложија друг формат, па се одлучивме нашето минато и нашата сегашност да ги отвориме за сите! Цела година собиравме драги спомени и на простор од околу 300 м2 ги спакувавме најзначајните моменти од нашата и ваша историја“, истакна генералниот директор на компанијата, Живко Мукаетов.

„Алкалоид“ годинава го започна јубилејот со промовирање на хуманитарниот видеоспот од антологиската „Чукни во дрво“ на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, во изведба на дечињата од Проектот „Дајте музика“, при што за секој преглед на дигиталните канали, од 10 јуни до 20 септември, компанијата назначи дека ќе ѝ донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести.

„Со овој видеоспот дечињата пренесоа пораки на благодарност, оптимизам и емпатија до најзасегнатите општествени категории на граѓани со пандемијата. За сета позитивна енергија и добри мисли, споделени со прегледите на ова видео, одлучивме да донираме наместо еден, по два денари од преглед или износ од 4.099.448 денари на Клиниката за детски болести во Скопје“, рече Мукаетов.

Симболичниот чек децата актери од Проектот „Дајте музика“ ѝ го врачија на проф. д-р Аспазија Софијанова, која истакна: „Сензитивноста во лекување на децата претстави еден голем чекор напред во однос на ова што го правите денес. Сакам искрено да ви се заблагодарам затоа што во овој тежок период она што го покажавте е здравјето пред сѐ. Здравјето на оние коишто се највулнерабилни, најсензитивни и значат вистинска иднина“. „Алкалоид“ промотивно прикажа уште едно свое јубилејно видео, за кое се користени стари, автентични филмски кадри за фабриката од 1950 и 1962 година, споени со модерни процеси, кои денес се изведуваат во производствените погони на компанијата.

Паралелата меѓу минатото и сегашноста е заокружена со маестралната графика специјално изготвена за алкалоидовиот јубилеј, чиј автор е познатиот македонски уметник Михаил Корубин. Во потрага по безвременски мотив, перцепцијата на овој наш голем уметник се заштитата и моќта, кои се претставени преку човечките раце, и сонцето, кое ја симболизира животната сила, каде што е сместено логото на „Алкалоид“. Ретроспективната изложба ќе биде отворена од денеска до 12 октомври за целата македонска јавност.

Популарно