Самсунг му исплати 1 милијарда долари на Apple во 30 камиони монети од 5 центи

Утрово повеќе од 30 камиони натоварени со апоени од 5 центи пристигнале пред канцелариите на Apple во Калифорнија. Обезбедувањето на фирмата се обидело да ги убеди да си заминат, но неколку миниту подоцна директорот на Apple Тим Кук добил телефонски повик од Самсунг преку кој му било објаснето дека Јужно Корејската фирма решила на овој начин да го исплати долгот по судскиот спор кон Apple.

CRNnLvG

Интересниот дел од оваа приказна е дека во потпишаниот документ на суд, не е специфизирано на кој начин Самсунг треба да го исплати долгот од 1 милијарда долари.

Лее Кун Хе од Самсунг по ова изјави: Можете да ги употребите монетите за машини за освежителни пијалоци или да го стопите бакарот и да правите компјутери, тоа не е наш проблем. ние го плативме нашиот долг.

Се чека одговорот на Apple на овој низок удар

(Фото) Ноктите на Кајли Џенер собра речиси 6 милиони лајкови

Најмладата припадничка на кланот Кардашијан-Џенер несомнено е меѓу водечките трендсетерки на планетата, па многу девојки бараат модна инспирација на нејзиниот Инстаграм профил. Сепак, една од најновите фотографии објавена од Кајли ги подели мислења за тоа дали донела добра одлука.

Риалити ѕвездата и деловна жена, која веќе некое време има екстремно долги нокти, го покажа својот нов маникир - портокалови и украсени со 3Д точки кои личат на меурчиња, односно изгледаат како да се испрскани.

Оваа фотографија на Кајли собра 5,7 милиони лајкови, но ако прашате модни експерти, не треба да се очекува ова да стане тренд. Покрај тоа, многумина ги споредуваат нејзините нови нокти со габична инфекција и велат дека младата трендсетерка можела и подобро.

Дали беа премогу сурови кон Кајли или не погледнете па преудете и сами:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Ако ги имате овие 3 броја во датумот на раѓање судбината за вас има неверојатен план

Луѓето кои ги имаат овие 3 броја на датумот на раѓање се придружени со посебна среќа и судбина! Во нумерологијата, секој број има посебно значење, но се издвојуваат главните броеви, кои, според толкувањето, носат најмоќна енергија, интуитивна моќ и се симбол на добра среќа.

Ова се броеви 11, 22 и 33! Ако имате некои од главните броеви во датумот на раѓање или ако се појават две единици, двојки или тројки во датумот на раѓање, имате посебна заштита од Универзумот според толкувањето на нумерологијата.

Откријте што симболизираат броевите 11, 22 и 33 во датумот на раѓање:

Лица кои поседуваат број 11

Тие имаат силна интуиција и духовна свест. Тие се чувствителни, нивните сетила се изострени и имаат развиено емпатија и природна интелигенција. Бројот 11 е симбол на голема моќ - ментален и физички. Носители на овој број најчесто се стари души кои со мудрост се борат против предизвиците. Нивните најголеми доблести се почитта, емпатијата, разбирањето на проблемите и успешното решавање, стабилноста, чувството за успех и можноста за создавање квалитетни врски.

Лица кои поседуваат број 22

Тие стекнатите знаења лесно ги применуваат во пракса, па затоа се работи за претежно многу успешни и почитувани луѓе. Тие имаат силна самодоверба, природна интелигенција и лидерски способности. Тие се одлични визионери и креатори на одлични идеи. Во љубовта, тие се посветуваат целосно - посветени се, искрени и знаат како да ги решат конфликтите.

Лица кои поседуваат број 33

Тој претставува број на совршена рамнотежа и го држат исклучително храбри и амбициозни луѓе. За нив нема нерешливи пречки и секогаш кога има шанса за нов успех. Понекогаш тие можат да изгледаат ладни, но тие се всушност екстремно емотивни луѓе кои ќе внесат креативност, радост и ентузијазам во вашиот живот. 

Ова е убедливо најубавото балконско цвеќе

Метеоролозите најавуваат доаѓање на потопли денови, а тоа значи дека сè повеќе време ќе поминуваме надвор. Вистинско време е да ја уредите терасата и да направите мала оаза за уживање. Овие билки се најдобриот избор во тој случај, велат искусните градинари.

Без оглед на тоа дали вашата тераса се наоѓа на сончева страна или во ладовина, ова цвеќе раскошно ќе цути…

Бегонија

Бегониите лесно се одгледуваат, се чуваат во мала сенка и ќе цутат постојано во текот на летото, а ќе ја разубават секоја тераса. Природно живеалиште на бегонијата се тропските дождовни шуми, што значи дека од нега им треба само редовно полевање.

Ден и ноќ

Оваа билка е омилена поради своите специфични шари. Припаѓа на семејството темјанушки, а многу лесно се одржува. Ден и ноќ е отпорна билка, па нема да ѝ пречат промените на температурата, како ни престојот на јако сонце, но ни на ладно. Ова цвеќе има тенко разгрането стебло, бујни листови и цветови што растат поединечно на долги дршки.

Петунија

Петунијата е најчестиот избор за уредување на балконите. Со оглед на тоа што цути раскошно и што ја красат прекрасни цветови, не е ни чудо што им е омилена на многумина. Оваа препознатлива цветна убавица доаѓа во многу облици и бои на цветови: бела, жолта, розова, виолетова, сина и црвена, а може да биде и двобојна. Цути од јуни до септември, лесно се одржува, единствено морате да водите сметка да не е на ветер.

Сардела

Уникатна, повеќегодишна билка што произведува прекрасни, нежни цвеќиња во различни бои и форми. Не изискува посебна нега, па затоа им успева и на апсолутните почетници во светот на градинарството. Според старите верувања, сарделата носи среќа, па многумина се одлучуваат за ова цвеќе – поради неговата богата симболика.

Џунџуле

Овој цвет е многу популарен, првенствено поради раскошниот изглед, но и поради фактот што во каква земја и да го посадите ова растение, тоа ќе успее. Цути во текот на цело лето, а ако сакате да го продолжите цутењето, задолжително отстранувајте ги овенатите цветови и редовно полевајте го.

Популарно